1022 hPa
100 %
6 °C
Скопје - Чет, 05.12.2024 11:07
Коментирав на тема име во затворена женска група, но гледам многу возбудени националистички коментари, па сакав да споделам мислење јавно.
Практично сум убедена дека најголем дел од луѓето од групата "името не го даваме" праат многу големи компромиси кога личната ја корист ја гледаат сега и овде, и најчесто во материјална смисла. На пример ако некој нема стан и во банка му/и речат ние сме спремни да ви дадеме кредит на 30 години, со 1% камата, но проблем е што се викате Рајна, па ако би се прексртиле во Петра, би ви го дале. Што мислите, колку ќе го сменат името? Ако видат корист сега и овде за себе, се пишуваат Бугари за бугарски пасош без проблем. На граница со Грција, без проблем си внесуваат Фиром само поскоро да дојдат до грчка плажа.
Но, некој треба да им го чува името бидејќи за нив е тоа апстрактен поим, симбол на национална гордост. Не гледаат од промената на името сега и овде корист за себе и тогаш некој треба да им го чува. Особено пак ако се далеку од татковината, тогаш додека си ги уживаат удопствата од развиениот свет каде Македонија се стреми и не може да влезе поради нерешен проблем со името, некој треба во родната им земја уште пожестоко да го брани името, симболот на нивната некаква апстрактна гордост.
Значи и со лицемерието се претера.
Некој собрал храброст, се понел зрело и фатил да го решава проблемот за да ги откочи перспективите за земјата и од приложеното, дал се од себе да има достоинствен договор. Јас не го бранам решението затоа што го поддржувам Заев. напротив. Јас го бранам решението затоа што само приближувањето до ЕУ е начин, груевизмот да не биде заменет со заевизам. Една година беше доволна да се види дека поволностите што ги нуди системот на изолација и заробена држава, сака да си ги зграпчи секој што ќе дојде на власт. Заев само можеби не е садист како Никола, но непотизмот, партиските вработувања, корупцијата, остануваат силно вгнездени со ден повеќе со името Република Македонија, а далеку од светот.
Па уште кога ќе прочитам дека не сме биле до сега ФИРОМ, тоа било референца. Добро вие така што тврдите сте излегле на момент од државата? Ти може да си дома Петре во 60-те квадратни метри, ама ако надвор сите те викаат Стојан, тоа не е баш референца. Да ве потсетам дека "гордиот" Груевски гордо се шеташе со името ФИРОМ кога беа средбите на ЕПП затоа што поинаку не му даваат да припари таму.
Затоа гледајте да се отвори патот кон ЕУ за да може да се оправи здравството, образованието, да се инвестира во инфраструктурата и луѓето достоинствено да живеат, а не "достоинствено" да се именуваат умирајќи по болнички ходници, со деца кои учат од партиски поставени професори, со плата која не е доволна ни за преживување. Зграпчете ја шансата за живот и не ширете демагогии и лицемерие.
Извор: Фејсбук