Илустрации од бајки на поштенски картички

16.06.2018 21:05
Илустрации од бајки на поштенски картички

Ви претставуваме сет од шест поштенски картички издадени на почетокот на дваесеттиот век, по оригинални илустрации на Луис Вилијам Вејн (Louis William Wain, 1860-1939). Според многумина овој период се смета за златното време на илустрацијата.

Овој сет, наведен во каталогот на поштенски картички од 1930 година издаден од Бут и Лунд, се смета дека првпат бил пуштен во употреба на 17 септември 1912 година, отпечатен и издаден во Англија од компанијата „Рафаел Так и Синовите“ (Raphael Tuck & Sons). Претставени се илустрации на ликови од бајки како кукли за облекување со инструкции отпечатени на задната страна. Меѓу нив се некои од најпознатите ликови како Црвенкапа, Убавицата и ѕверот, Пепелашка, Робин Худ и др.

„Рафаел Так и Синовите“ бил најголемиот издавач на поштенски картички во светот. Сликите што се користеле го опфаќаат целиот свет и нудат уникатна визуелна историја на животот на крајот од 19 и почетокот на 20 век.

За време на бомбардирањето на Лондон во текот Втората светска војна седиштето на компанијата било уништено, вклучувајќи честитки, записи и оригинални слики."

Извор: The Golden Age Of Illustration

Слични содржини

Активизам / Графички Дизајн / Живот / Историја
Технологија / Живот / Теорија / Историја
Графички Дизајн / Живот / Теорија
Графички Дизајн / Книжевност / Живот / Уметност

ОкоБоли главаВицФото