„Турлитава – заедно е послатко“ во Јавна соба

20.07.2018 00:39
„Турлитава – заедно е послатко“ во Јавна соба

Со цел да се одбележи 22 јули како ден посветен на жртвите на дела од омраза – акција на Советот на Европа, оваа недела (22 јули), по петти пат Хелсиншкиот комитет за човекови права го организира настанот „Турлитава – заедно е послатко“ во Јавна соба, со почеток во 18 часот.

Идејата со која се организира настанот е надминување на меѓусебното непознавање на различните етнички групи во нашата држава, како најчеста причина за создавање конфликтни ситуации, односно ситуации кои водат кон дела од омраза.

„Цениме дека со организирање на ваков настан на кој ќе бидат претставени вкусни традиционални специјалитети застапени во различните етнички кујни во Македонија (македонска, албанска, турска, ромска, српска, бошњачка, влашка и други), во директна смисла ќе се посочи на различноста како можност за споделување. Оваа година на Турлитава активно ќе се вклучат и лицата со попреченост, со кои заеднички ќе готвиме и ќе се дружиме“, велат од Хелсиншкиот комитет.

Настанот се организира со поддршка на „Амбрела“ и „Ресурсен центар“.

 

ОкоБоли главаВицФото