Се одржа десеттиот Марш на толеранција

19.11.2018 01:17
Се одржа десеттиот Марш на толеранција

Под мотото „Викни силно против насилно“, во Скопје, синоќа (18 ноември) се одржа десеттиот Марш на толеранција. Организиран од Хелсиншкиот комитет за човекови права, а поддржан од повеќе невладини организации, маршот беше повик до граѓаните да го препознаат, а институциите да го казнуваат говорот на омраза и насилството.

„И покрај промените во Обвинителството, случаите кои со години ги поднесувавме, се уште стојат во фиока“, изјави активистот за ЛГБТИ права Кочо Андоновски.

Присутните побараа да запре говорот на омраза и сите форми на насилство и апелираа дека е неопходно повеќе да се работи на превенцијата за надминување на ваквите состојби.


Маршот се организира по повод Светскиот ден на толеранцијата. Започна денеска напладне, од Музејот на град Скопје, преку улица Македонија, за да заврши кај платото на Универзитетот на Југоисточна Европа, во Старата скопска чаршија.

Маршот е поддржан од организациите: ЛГБТИ Центар за поддршка, Цивил- Центар за слобода, Национален Ромски Центар, ХЕРА- Асоцијација за здравствена едукација и истражување, Реактор – Истражување во акција, КВИР СКВЕР Скопје, Коалиција Маргини, Национална мрежа против насилство врз жени и семејно насилство – Глас против насилство и МОФ- Младински образовен форум.

фотографии: Хелсиншки комитет

 

ОкоБоли главаВицФото