Сообраќајно решение кое ги задржува придобивките на БРТ, без уништување на централното зеленило.
- Крајната лева лента на транзитните булевари на трасата на БРТ да се одвои на ист начин како весипедската патека.
- Постојките да бидат на проширени постоечки пешачки премини. Семафорите на овие премини да бидат синхронизирани со застанувањето на автобусите.
- На сите раскрсници низ кои поминува трасата да се обои лентата за БРТ и да се постават камери и строго да се казнува секое застанување на возило врз таа лента. Семафорите на овие раскрсници да бидат синхронизирани со поминувањето на автобусите.
- Новите автобуси што сака градоначалничката да ги купи да бидат прилагодени за движење и застанување на таа лента. Алтернативно, можат и стандардните автобуси да се користат ако правецот на движење по БРТ лентата е во спротивна насока.
Останатите аспекти на БРТ проектот да се задржат: траса, терминали, оптимизација на автобуски линии.