ДримОN 6 – Култура сега!

24.07.2018 12:14
ДримОN 6 – Култура сега!

Шестото издание на фестивалот ДримОN ќе се одржи од 25 до 29 јули во Струга.

Со мотото на фестивалот за процесирање култура ДримОN „Култура сега!“ се апелира дека е доста со запоставување на оваа важна гранка во општеството и дека мора веднаш да се дејстува за нејзино издигнување од пепелта. Се апелира за културни настани и во провинцијата, за кварт на култура во Струга, деметрополизација, современост, интердисциплинарност, интеркултура, уметничка автономија, за унапредување и оплеменување на културните институции, за право на култура до сите.

„Гласот ќе го артикулираме преку петдневна програма богата со книжевни промоции, дискусии, музички концерти, театарски претстави, дискусии, изложби. Изданието се создаваше во соработка со клучните гласови од независната културна сцена, кои се заслужни за идејата да се превртат концептите на културните политики и да се постават нови постулати и стандарди насочени кон врвност, современост и европска вредност. ЈАДРО асоцијација на независната културна сцена; Локомотива – центар за нови иницијативи во уметноста и културата; Desonanz, издавачите Темплум, Три, Или- Или и фондацијата Славко Јаневски“, најавуваат организаторите.

Фестивалот е во организација на здружение Иницијатива за независен културен активизам ИНКА Струга, во копродукција со НУЦК „Браќа Миладиновци“ поддржан од Министерство за култура на Република Македонија, преку годишниот конкурс за интердисциплинарни проекти, како и од фондацијата Отворено општество Македонија, за проектот „Заедничка платформа за култура – култура до сите!


ПРОГРАМА:

25.07 СРЕДА 

Учествуваме, застапуваме, менуваме

12.00 Балон Арт - детска работилница (5-9г.) со Порака Нова
13.30 Откриваме музејски тајни: Разбој и праистористко ткаење (6-12г.) со НУМ „Никола Незлобински“ Струга
14.00 Учествуваме, застапуваме, менуваме - ЈАДРО Работилница за демократизација и децентрализација на јавните простори и јавните добра преку нов модел на институции и јавно-цивилно партнерство.
19.00 Рок енциклопедија книжевна промоција
20.00„Ехо на слободата“ на Ана Јовковска
Книжевна промоција со издавачка куќа „Три
21.00 Ликовна изложба на Антони Мазневски
22.00 Македокс филмски маратон


26.07 ЧЕТВРТОК

Тампонирани добра

12.00„Струшки јавачи“ Детска авантура со Бујар Саити (9-14г)
13.30 Откриваме музејски тајни: Разбој и праистористко ткаење (6-12г.) со НУМ „Никола Незлобински“ Струга
17.00 Архилаб – мапираме јавни простори за независната сцена
9.00 Изложба на плакати од кампањата КУЛТУРА СЕГА, - Заедничка платформа за култура - култура до сите
19.30 УНЕСКО регион -Мачкање очи/потенцијална стварност
Дебата со Aлександра Бубевска
+ Изложба на активистички плакати з.г. АКВА Струга
21.00 Бог на масакрот - театарска претстава Режија: Нела Витошевиќ
Народен Театар Штип Главна сцена - центар за култура / влезница 100 ден.
22. 00 Ликовна изложба на Никола Радуловиќ
22.30 Концерти: I tpame I tvrame, Ensh, Sergio Lounge

27.07 ПЕТОК

Димитрие Дурацовски

12.00 „Струшки јавачи“ Детска авантура со Бујар Саити - котизација 300 ден
13.30 Вовед во театар на сенки - детска работилница (6+) со театар Сенки и облаци
17.00 Архилаб
14.30 Додека кореографијата остануваше заглавена јас надвор танцував - работилница за современ танц со Александар Георгиев и Дарио Бардам
19. 00 Малиот Принц
Претстава за деца Театар „Сенки и облаци“ Главна сцена - центар за култура / влезница 50ден.
19.00 Едиција „Лифт“ книжевна промоција
20.30 Собрано творештво на Димитрие Дурацовски книжевна промоција со издавачка куќа Темплум
21.30 Ликовна изложба на Миле Нически
22.00 Linkoln letter музички концерт
22.30 Концери: Горан Трајкоски, Lincoln Letter
Летна сцена / влезница 250 ден.


28.07 САБОТА

Иднината е сега

12.00 „Струшки јавачи“ Детска авантура со Бујар Саити
17.00 Архилаб
14.30 Додека кореографијата остануваше заглавена јас надвор танцував - работилница за современ танц со Александар Георгиев и Дарио Бардам
19.30 MAKING SENSE- промоција на новата програма на „Лице в лице"- СЕНС
20.00 КУЛТУРА СЕГА! Дебата со Aлександра Бубевска
21:00 Инсталација - Антонио Пирковски
22.00 MOTUS LUMINA видео арт инсталација
01.00 Журка: Shifted, Ilina Angel, Pass-N-G-R, Andreas Hz, Kronom, Bobi, Motus Lumina/ Хангар / влезница 250 ден


29.07 НЕДЕЛА

Касни култура

14.30 Додека кореографијата остануваше заглавена јас надвор танцував - работилница за современ танц со Александар Георгиев и Даро Бардам

17.00 ПРЕЗЕНТАЦИИ од ДримОН работилниците

- Промоција на резултатите од лабот
- Кореопрезентација
- Доделување сертификати од Детската Авантура

19.30 РОМАН НА ГОДИНАТА „Одбројување“
На Фросина Пармакоска книжевна промоција со Фондација „Славко Јаневски“
20.30 ИСЦЕЛИТЕЛ - целовечерен филм /Летна сцена /влезница 100 ден.
Q/A Исцелител со режисерот Ѓорче Ставрески

23.00 ЈАДИ ПО ТРО - арт кујна со Печур и Давид / летна сцена /резервација на вечера 300ден.