„Учествуваме, застапуваме, менуваме“ во Струга

25.07.2018 01:41
„Учествуваме, застапуваме, менуваме“ во Струга

На 25 јули (среда) во рамки на проектот „Учествуваме, застапуваме, менуваме – демократизација и децентрализација на јавните простори и јавните добра преку нов модeл на институција на јавно-цивилно партнерство“, ќе се одржи јавен настан како дел од фестивалот „ДримON“, во организација на здружението Иницијатива за независен културен активизам ИНКА Струга, членка на ЈАДРО.

Настанот ќе се одржи од 14 часот и предвидува отворена работилница за демократизација и децентрализација на јавните простори и јавните добра преку нов модел на институции и јавно-цивилно партнерство. Модератор на работилницата е Јасмина Билаловиќ. Локација: сала за состаноци во НУЦК „Браќа Миладиновци“, Струга.

На работилницата добредојдени се сите граѓански организации, формални и неформални групи, уметници и младински работници кои активно работат во Струга и имаат потреба од решавање на прашањето за простори.
Цел на работилницата:
- Утврдување на капацитетите и потребата на независниот културен сектор, младинските организации и иницијативи, и граѓаните за простор земајќи го во предвид социјалниот и културен контекст на градот;
- Мапирање на конкретни потенцијални простори;
- Конкретни планови за преземање на следни чекори во насока на обезбедување на простор преку моделот на цивилно-јавно партнерство.

Вo рaмки нa фестивaлoт, a кaкo дел oд прoектoт "Учествувaме, зaстaпуaвме, менуваме" ќе се oдржи и тридневнa aрхитектoнскa рaбoтилницa зa мaпирaње/скицирaње нa прoстoр зa незaвиснaтa културнa сценa вo Стругa, сo учествo нa чoкaлни aрхитекти и студенти пo aрхитектурa.

 

ОкоБоли главаВицФото