„Со учество до промени“ – Работилници за демократизација на јавните простори во Струга и Охрид

17.09.2018 04:17
„Со учество до промени“ – Работилници за демократизација на јавните простори  во Струга и Охрид

Како дел од проектот „Со учество до промени – демократизација и децентрализација на јавните простори и јавните добра преку нов модeл на институција на јавно-цивилно партнерство“ на Асоцијацијата на независната културна сцена – ЈАДРО, денеска (17 септември) во Струга и Охрид ќе се одржат две работилници.

Јавниот настан во Струга ќе се одржи во Центарот за култура во 10 часот во организација на здружението Иницијатива за независен културен активизам ИНКА Струга, членка на ЈАДРО, а вториот настан во Охрид ќе започне од 13 часот во хотел „Ривиера“ во организација на МедиаАртес од Охрид.

„Во септември 2017 година, после три години интензивна работа, се регистрира првата хибридна институција на цивилно-јавно партнерство во земјава меѓу ЈАДРО и Општина Центар од Скопје наречена Културно-социјален простор ЦЕНТАР-ЈАДРО. Отука ЈАДРО започна проактивно да работи на моделирање на поинакви пристапи на враќање на инситуциите во рацете на нејзините корисници, на јавноста, преку создавањето на своевидни културно-социјални центри, кои суштински ќе се разликуваат од досегашните, традиционални простори и установи на културата. Проектот за основање хибридна институција е втемелен на партнерство помеѓу локалната власт и граѓанската мрежа и подразбира децентрализиран модел на управување и одлучување, вклучување на професионалниот сектор во градење на политиките на инситутциите, овозможување на програмско учество на заедницата, децентрализацијата на моќта и општествени промени и развој на граѓанско општество. Намерата на проектот „Со учество до промени“ е да се претстави овој пионерски модел реализиран во Скопје пред пошироката јавност, истиот да се децентрализира, и во соработка со 3 партнерски организации, Младинскиот културен центар (МКЦ) од Битола, МедиаАртес од Охрид и, ИНКА од Струга, да се отпочне процес на развивање на модели со локални специфики за формирање на културно-социјални центри во Битола, Охрид и Струга“, велат од ЈАДРО.

Проектот предвидува три јавни настани со работилници кои ќе ги вклучат членките на ЈАДРО како и претставници од локалната независна сцена и локалните власти, заради анализа и разработка на елаборат за коуправувачката структура на моделот за хибридна институција, со можност за негово имплементирање во Битола, Охрид и Струга каде веќе е започнат процес на консолидирање на актери од независната културна сцена за заедничко делување за воспоставување на нов модел на институција.

Работилницата во Струга ќе биде предводена од Јасмина Билаловиќ и Анита Ивковиќ, а работилницата во Охрид ќе ја предводат Маја Ангеловска и Анита Ивковиќ.

 

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото