Статуа на голиот „кловн Трамп“ поставена на билборд во Лос Анџелес

17.08.2018 19:06
Статуа на голиот „кловн Трамп“ поставена на билбордот во Лос Анџелес

Скулптура на голиот Доналд Трамп во природна големина, претставен како кловн, била поставена на билборд над автопат во Лос Анџелес денес рано изутрина (петок, 17 август). Билбордот е пресликан со цитат од американскиот сериски убиец Џон Вејн Гејси (John Wayne Gacy), кој на детективите кои го надгледувале неговиот дом пред неговото апсење им изјавил: „Знаете, кловн може да се извлече со убиство“.

Indecline, уметнички колектив кој стои зад цела серија анти-Трамп дела, ја постави статуата во текот на ноќта за да се совпадне со втората годишнина од нивниот проект „Голиот Трамп“, за време на кој тие инсталираа голи статуи на инвеститорот кој стана политичар во пет големи американски градови непосредно пред претседателските избори во 2016 година. Скулптурите од таа серија се продадени на аукција и до 28.000 долари, што помогна во финансирањето на подоцнежните герилски дела на Indecline, иако групата вели дека е малку веројатно дека ќе можат да ја вратат статуата на кловнотод билбордот.

Следниот месец, Julien’s Auctions во Беверли Хилс ќе понудат неколку од претходните дела на групата за продажба со цел финансирање на понатамошни проекти. Меѓу најатрактивните е затворската ќелија што тие тајно ја изградиле во Интернационалниот хотел и кулата Трамп во Њујорк пролетта оваа година, каде бил затворен актер што го имитира американскиот претседател и се проценува на сума од 10.000 до 15.000 долари.

Извор: The Art Newspaper

Слични содржини

Активизам / Свет / Уметност / Око
Активизам / Свет / Живот / Уметност / Музика
Општество / Активизам / Свет
Активизам / Фотографија / Свет / Уметност / Око

ОкоБоли главаВицФото