Ние направивме преврат, а вие се изгушкавте со нив

15.10.2018 17:05
Ние направивме преврат, а вие се изгушкавте со нив

Доста бре нè миревте со криминалци. Ние направивме преврат, а вие се изгушкавте со нив и дозволивте да останат на високи функции, да тужат и судат, да одлучуваат и казнуваат.

Не станува збор за различни политички опции туку за криминалци и политичари.

Се преговара со политички противник - не со мафијашка организација.

Се приближуваат различни политички ставови, а не политички и криминални опции.

Ве тепаа како свињи во кочина и сега сакате да им простите? Зашто не умеевте да ги ставите зад решетки каде што им е местото? Зашто не сакавте да поставите на раководни позиции луѓе кои знаат и можат? Зашто нè пуштивте да се бламираме и да гласаме при непрочистен избирачки список и без направен попис и без соодветна дипломатска покриеност на дијаспората, за некоја будала сега да тврди дека 1200000 Македонци биле против договорот со Грција. Па на цел свет бе нема повеќе од 2000000 Македонци (до четврто колено броење).

***

-Договорот од Пржино е своевиден политички нонсенс, кој се обиде да воспостави привид на нормалност во евидентно потполно ненормална ситуација. Самиот акт на преговарање со луѓе кои ја злоупотребиле власта за извршување на криминални дејствија и кои ги суспендирале сите заштитни механизми кои го обезбедуваат владеењето на правото и кои овозможуваат контрола и ограничување на самовластието, е апсурдно. Договорот всушност создава привид дека станува збор за приближување на различни политички позиции, на различни политички видувања и различни идеи за тоа како треба да се развива државата, и со тоа се замаглува основниот факт дека станува збор за узурпација на власта со цел воспоставување неказнивост за криминално делување.

Слики: Свирачиња

Извор:https://standard.mk