Концерт во Планетариум: Звук Караџиќ

24.10.2018 14:41
Концерт во Планетариум: Звук Караџиќ

На 25 октомври (четврток) во Планетариумот на Младински културен центар, со почеток од 21 часот, концерт ќе одржи групата „Звук Караџиќ“.

„Звук Караџиќ е здружение на музичко-книжевни импровизатори, безгрешно зачнато една убава септемвриска вечер на скопското Кале. Во здружението можат да учествуваат сите кои си ги заборавиле партитурите на пулт, или тетратките со стихови во фиока; сите кои мислат дека имаат што да кажат во мигот на случувањето и сите кои сакаат да се препуштат на моменталната фантазија и да одлетаат далеку, далеку и најблиску до себеси.

На концертот во четврток ќе учествуваат Костадин Делиниколов, Ѓорѓе Јовановиќ и Владимир Лукаш, а за планетариумската проекција ќе се погрижи вселенскиот маестро Даниел Анастасов“, стои во најавата за настанот.

Билетите во строго ограничен број (60) се достапни на билетарницата на МКЦ.