Партенон од забранети книги

29.10.18 16:45

Аргентинската авторка Марта Минуин (74) создаде монументална реплика на грчкиот Партенон од 100.000 примероци на забранети книги. Според неа, делото го симболизира отпорот кон политичката репресија.

Партенонот на книгите во Касел, Германија, минатата година беше дел од Документа 14. Книгите биле собрани со помош на студентите од Универзитетот Касел.

Минуин пронашла над 170 наслови кои биле или се забранети во различни земји низ светот.
Привремената реплика на храмот била со иста големина како оној во Атина, конструирана од книги, пластика и челик.

Но, најконтроверзната книга во Германија - „Mein Kampf" на Адолф Хитлер - не е била дел од Партенонот, бидејќи нацистите биле озлогласени цензори на книги.

Извор: Bored panda 

 

 

ОкоБоли главаВицФото