Лицето на фирерот

15.03.14 02:08

Краткиот цртан филм „Лицето на фирерот“, оригинално насловен како „Donald Duck in Nutzi Land“ е пропагаден филм на Волт Дизни снимен во 1943 година. Целта на ваквите пропагандни филмови била да се поддржи и зголеми продажбата на воени обврзници во текот на Втората светска војна.

Овој цртан филм е само еден од серијата 32 филмови кои Волт Дизни требало да ги сними во периодот 1941-1945. Интересно е тоа што токму оваа пропагандна дејност го спасила студиото на Дизни од банкрот.

Подолу, може да го погледнете кошмарот на легендарниот патор Пајо кој се наоѓа во фабрика за оружје во нацистичка Германија.

Сродна статија: Дизни против Хитлер

ОкоБоли главаВицФото