Скопјанчење со Јовица Ивановски и Ѕвездан Георгиевски

30.10.2018 09:51
Скопјанчење со Јовица Ивановски и Ѕвездан Георгиевски

На 31 октомври (среда) во фоајето на Кино „Фросина“ со почеток во 20 часот ќе се одржи третото издание на ЖИВ ЅИД.

Во третото издание со своето присуство ќе нѐ почестат двајца добро познати скопски ликови - Јовица Ивановски и Ѕвездан Георгиевски.

Добри познавачи на скопскиот асфалт, ќошиња, меани и пајажини. Автори на повеќе поетски и прозни книги, од кои посебно ги издвојуваме „Градот што веќе не е мој“ (Јовица Ивановски) и „Урбани топоними“ (Ѕвездан Георгиевски).

Домаќинот Ѓоко Здравески, низ муабет, читање и понекоја пијачка со гостите, ќе проба да покаже зошто еден град без своите писатели е како сутлијаш без цимет, кафана без кариран чаршаф, ѕид без графити...

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото