Зад сцените на порно индустријата

27.09.2010 14:16
Зад сцените на порно индустријата

Што се случува во позадината на индустријата за возрасни? Многумина од нас сакаат да ѕирнат зад она што камерите не ни го откриваат. Па, да видиме што навистина се случува.

Снимањата се долги и заморни

Иако сексуалниот чин во порно филмовите обично не трае долго, снимањето на таквите сцени може да биде долго и заморно. Снимањата можат да траат и по неколку часа, а тука се вклучени и одржувањето на ерекцијата на машкиот лик, поправањето на шминката, нанесување пудра на телото и одржување на одредена сексуална положба која може да предизвика и појава на модринки доколку истата е неудобна. Плус, сексуалниот чин кој трае со часови може да биде пријатен ако зборуваме за тантричко поврзување со вашиот партнер, но ако тоа го правите пред дваесетина луѓе, тогаш со сигурност не е.

Во порно индустријата сè си има своја цена

Во индустријата за возрасни жените се подобро платени од мажите. Постои ценовник кој јасно кажува колку пари можат да заработат порно глумиците. Цената зависи од нештата на кои тие се спремни пред камерата. За обичен и вообичаен секс порно глумиците заработуваат до илјада долари, додека аналниот секс додава од 200 до 250 долари на нивната крајна сметка, а двојната пенетрација може да донесе и до 1750-2000 дополнителни долари. Иако жените се подобро платени во оваа индустрија, сепак, добар дел од парите тие го трошат назад во своето тело, или со други зборови, со чести посети кај пластичните хирурзи.

Порно индустријата бара нереален изглед

Порно глумиците настојуваат да ги зголемат облините до екстремност поради целата поента на порно индустријата, која е тука за да ни продава напумпани фантазии. Тие имаат потреба од постојани интервензии на пластичните хирурзи, поради честото зголемување на градите, усните и липосукција. Секоја неправилност на телото се покрива со пудра. Понекогаш дури тетоважите можат да претставуваат проблем поради тоа што порно глумиците со тетоважи потешко добиваат работа, иако последниве години ова почнува да се менува.

Понекогаш се употребувааат трикови

Кога гледате близок кадар на лице исполнето за задоволство, вие најверојатно си мислите дека глумицата е снимена додека има однос со својот партнер од филмот. Но грешите. Овие кадри се симулирани, а изразите на лицето претставуваат глума. Во ваквите сцени другиот глумец воопшто не е ни присутен. Понекогаш се случува двајца актери да се присутни на снимањето: едниот е потребен поради своето мускулесто тело, а другиот поради неговиот пенис. Истото може да важи и за актерките.

ХХХ разговори на интернет

Ако сакате да посетувате интернет страници кои често нудат разговор во живо со „запалени“ девојки, тогаш морате да знаете дека голема е веројатноста дека не разговарате со девојките од екранот. Често ваквите страници имаат посебно вработени лица кои разговараат со вас, додека девојките од екранот само позираат за камерите. Дури, можно е лицето со кое разговарате да не е од истиот пол што се прикажува на екранот.

Вештачка хемија меѓу порно глумците

Често порно глумците и глумиците се среќаваат за време на сетовите за првпат. Понекогаш можат да почувствуваат привлечност еден кон друг, но најчесто таа хемија мора вештачки да биде создадена. Во суштина, често пати се работи за тоа дека не е битно што актерите чувствуваат еден за друг, и принудени се да стенкаат и воздивнуваат во знак на задоволство без разлика за каков партнер се работи.

Љубов и врски во порно инндустријата

Природата на оваа професија придонесува порно глумците и глумиците да имаат потешкотии надвор од порно индустријата. Често пати нивните врски се кратки поради љубомората и незадоволството кое се јавува кај нивните партнери. Понекогаш дури и врските меѓу самите глумци и глумици можат да бидат тешки.

Извор: IntimateMedicine