Биди со бегалците еден ден додека во Сирија чекаат леб, па потоа зборувај за тероризам и заговори

07.11.2018 01:51
Биди со бегалците еден ден додека во Сирија чекаат леб, па потоа зборувај за тероризам и заговори

Додека ги гледам коментарите кои од ден на ден ги преплавуваат мрежите за педофили, силувачи, колачи, впрочем сум сè поуверен во бесмислата на работата со која се занимавам. Секој ден поминат во Алепо, Хомс, Мосул, Рака, Сињар, Фалуџа беше залуден. Секое поминување преку линијата, секој куршум над главата беше бесмислен. Сите награди и тапкања по рамо се обично срање. Само малку храна за сопственото несреќно его.

Секоја фотографија е безначајна капка во океанот лажни вести, нетрпеливост и осуда кои како лавина ѓубре незапирливо испливуваат на брегот. Си се заколнав дека ќе одјебам од таа тема. Го направив тоа што можеше да се направи.

Повторно, секој ден гледам како децата кои крадат мобилни во Бразил стануваат бегалци од Виена, ги гледам навивачите кои ги кршат автомобилите на мигрантите во Лондон, црнците од Њујорк кои туркаат бела жена во шопинг центар стануваат азиланти од Франкфурт, петкратни колачи. И секогаш е едно па исто. Лага.

Ајде да ставиме бели капи, да запалиме крстови и да одиме да ги ловиме по шумите додека е време, а прашање на време е, зашто тоа е прашање само на момент, кога ќе почнат да нè набиваат на колец. А ние не се боревме за тоа. Нашиот бегалец е распнат на крст.

Повторно за нив? Колачи, педофили, силувачи, крадци. О да. Меѓу нив има и такви. Нема сомнеж. Замисли се себеси или замисли ме мене, после една година бомбардирање, со месеци луташ по планините, денот ти почнува со хушкање полициски кучиња и претрупани комбиња, ограбен, измамен и оставен. Кажи ми каков би станал ти, или јас? Ист? Подобар? Дали со дете во рацете би се обидел да пробиеш полициски кордон?

Колку илјади луѓе поминале тука, едно јајце не е украдено. Тоа е вистина. Во секое жито има какол. Но дали затоа мора да бидеме лицемерни и да правиме леб од какол во кој има и по некое зрно. Зрно хуманост. Додека подметнуваме кукавички јајца.

Ебаго. Исклучи се од мрежата од софата во топлата дневна соба. Вклучи го мозокот. А нашите проблеми? Погледни го повторно говорот на чичо и екипата, на сплитската ривиера. Надан во лов. Ивица и Марица. Заради таквите треба да палиме крстови во шума. Да креваме шатори и да поставуваме плински боци. Затоа што децата ни учат според програма од автостругарска школа. Тоа се нашите силувачи. Тие ни ги украдоа јајцата. И кокошките. И кокошарникот. За тоа се боревме ние. Со крвави гаќи. А не за овие јадници.

Сфати. Лесно е, луѓето бегаат од опустошена земја, од неволји и несреќи, и бараат парче небо. Некаде. Каде било. Секаде. Исто како што би направил и секој од нас. И ти. И јас.

Биди со нив еден ден. Со овие замрзнати раце кои во Сирија чекаат ебено парче леб. Само еден ден. Па зборувај ми за тероризам, заговори, џихад, колачи. Зборувај им на нив, зборувај ни на нас. Погледни го во очи детето на кое шрапнел му ја разнел половина глава. Па потоа зборувај. Објасни ми, додека пиеш топло нескафе 3 во 1, на новата софа од Икеа. Почекај некој од нив прв да фрли камен, па речи... еве го.

Илустрации: Imranovi

Извор: https://dnevnik.hr