Данска ги згрижува Украинците, а Сиријците ги праќа дома

11.04.2022 10:48
Данска ги згрижува Украинците, а Сиријците ги праќа дома

Марш против расизмот, Лондон, ОК, 19 март 2022; Пол Еризану

Олеснувањето на интеграцијата на украинските бегалци во данското општество се одвива паралелно со засилените напори за враќање на сириските бегалци кои моментално живеат во Данска во воената зона, што укажува на расистичката интонација на мигрантската политика во Европа.

Во Данска дојде до жестоки полемики откако владата побара од сириските бегалци да се вратат во Сирија, иако таму сè уште беснее граѓанска војна. Во исто време, владата работи на законодавство за привремено укинување на прописите за азил за Украинците кои бегаат од својата земја.

„Во време на војна во Европа, кога еден од нашите европски соседи е изложен на она што го гледаме дека се случува во Украина, за нас нема ни најмал сомнеж дека мораме да како знаеме (...) со тоа што ќе ги угостиме Украинците на данско тло“, изјави Матијас Тесфаје, данскиот министер за надворешни работи и интеграции, не долго откако Русија ја нападна Украина на крајот на февруари, објави Си-Ен-Ен.

Во пракса, предложеното законодавство ќе им олесни на Украинците да добијат дозвола за престој „за да можат брзо да продолжат со школувањето, високото образование или работата“.

Планот е оваа мерка да се усогласи со привремената заштита што ЕУ им ја додели на Украинците, овозможувајќи им да влезат во блокот без виза и да одлучат во која земја-членка сакаат да одат. Оние кои ги исполнуваат критериумите ќе добијат едногодишен статус сличен на бегалци во која било земја на ЕУ, со можност за идна ревизија.
Законот за барање вредни предмети (исто така познат како „Закон за накит“) на влезот во Данска веќе е укинат за украинските бегалци и е една од многуте привилегии резервирани исклучиво за нив.

Обвиненија за лицемерие

Меѓутоа, критичарите ја обвинуваат данската влада за лицемерие бидејќи ги повикува сириските бегалци од Дамаск и околината да се вратат во Сирија, која сè уште е во војна, така „ставајќи ги во опасност“, велат активистите.

Претходно, во 2021 Данска стана првата неолиберална земја која минатата година отворено ги врати сириските бегалци и ги лиши од азил! Над 200 сириски бегалци во моментов беа лишени од правото на престој во Данска во мај 2021 година, додека пред тоа најмалку 90 бегалци беа депортирани и назад. Според проценките меѓувремено над 900 сириски бегалци од Данска беа депортирани во Дамаск.

Во изјавата објавена на Си-Ен-Ен, данскиот министер за имиграција вели дека сите бегалци се третираат еднакво: „Сите лица кои аплицираат за азил во Данска имаат еднакви права во данскиот систем за азил“. Тој додава дека во Данска сè уште живеат околу 30 000 Сиријци, на кои им е издадена дозвола за престој во таа земја од 2014 година.

Сепак, Михал Кланте Бендиксен, шефица на „Refugees Welcome Denmark“, изјави за Си-Ен-Ен дека миграциската криза од 2015 година покажала дека луѓето што пристигнуваат од Авганистан или од Сирија „ќе бидат означени како мигранти“ се’ додека не постигнат статус на бегалци.

„Од друга страна, Украинците уште од самиот почеток ги етикетираме како бегалци. Во што се состои разликата?“, прашува Бендиксен.

Извор: InfoMigrants

Слични содржини

Европа / Свет / Теорија
Општество / Европа / Култура
Општество / Европа / Став / Теорија
Европа / Свет
Општество / Европа / Свет / Теорија

ОкоБоли главаВицФото