Перформансот „Македонско девојче“ вечерва на Синедејс

08.11.2018 03:46
Перформансот „Македонско девојче“ вечерва на Синедејс

Со SEERma и со проектот „Македонско девојче” по подолго отсуство од експерименталната македонска поетско-музичка сцена се враќа Ивана Харикли. Таа вечерва (8 ноември) ќе настапи на отворањето на фестивалот „Cinedays“ 2018.
Настапот вклучува соработки со Баже ДСЦ, Druggy, IWASS и Јордан Костов, а за изведбата гостуваат IWASS и „Татко и синови”. Ова е најава за понатамошните поетско-музички експерименти како дел од оригиналниот музички концепт т.н. „етно нинтендо”.

„Македонско девојче“ е флуиден процес, креативен израз на потребата од реобмислување на комуникација. Започна од идеја пред година дена, а во изминативе осум месеци е во активна потрага на соговорници/чки. За оваа прилика, SEERma (Ивана Харикли), на сцената ќе настапи со неколку одбрани соработки и реобмислен материјал од првото EP ‘Depave me’ или “Одасфалтирај ме” (жива поезија во соработка со Петар Јовановски, снимено во ESRA, а со учество на Михајло Стојанов и Дину Вангели, независно издадено во 2015 год. под псевдонимот Jyjo и реиздадено 2017 год. од Критика).

Како Jyjo настапува и во соработка со Димитар Додовски (‘Potential worlds’) на “Десонанс” фестивал, 2015. Низ годините има и неколку гостувања на “Поетри слем Македонија”, новогодишен концерт на “Ако никој не свири”, а во 2017 е дел од ‘A nook for rhyme crooks’ слем и ‘Phnom Penh Players’ театарска заедница, Пном Пен, Камбоџа.

Во 2018 има кратки претставувања на “Астални проекции”, “Пич прич” слем, ”Друга приказна” фестивал и “Скопје тест”. На 20-ти октомври годинава на скопските улици Ивана го изведе и нејзиниот прв самостоен дванесетчасовен перформанс на отворено “Перспектива” (дел од “Нов културен бран”) каде реалноста околу ја гледавме како филм.

 

ОкоБоли главаВицФото