Над лудницата

15.11.2018 13:30

Над лудницата шета
месечарот-месечината.
Низ белата градина чекори сенката-човек,
замислен во својата тажна брада.
Како во калеидоскоп танцуваат
пред него валутите, мениците,
кои согоруваат во оган со виножитни бои.
Порано банкар, заробеник на хартиите,
сега шета
со месечарот-месечината
зад белиот ѕид на лудницата.

Тоа е слободата,
страшната слобода,
кога стапуваш зад невидливите ѕидови
на зголемената човечка свест,
која се подотвора во ужасна
огромност.

Превод: П. В.

 

Слични содржини

нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото