Големиот друм

23.10.2023 14:49

Возам низ големиот друм
цел ден, од утрина.
Земјата, низ која брзам,
не ја знам. Ногата
уште не ми стапнала
врз нејзината мека трева,
не застанав да се одморам
под пладневно дрво
или нешто да каснам
на раб од изорана нива.
Па и луѓето што тука живеат
не ги знам. Никого не сретнав
за да видам лице под шешир,
жена со марама
или долг поглед затскриен со прамен коса.
Да го слушнам нивниот говор.
Само друмот гледам
како исчезнува под тркалата
и од далечина: непознатите градови
што поминуваат со куќи сраснати
како кристали.
Така возам низ големиот друм
низ земја што не ја знам,
цел ден, од утрина. Сам.
Пред, покрај
и зад мене возат и други,
исто така сами,
кои не ме познаваат,
и јас нив не ги познавам.
Секој во своето возило седиме,
разговараат само нашите мотори,
кои престигнуваат или заостануваат,
успоруваат или забрзуваат.
Сите се движиме во иста насока,
кон заодот, во вечерта, таму,
каде што вжареното сонце тоне,
итаме право во заслепувачкиот пожар
како лилјаци во куќа што гори.

Превод: П. В.

Франце Форстернич (France Forstnerič, 1933-2007) - словенечки поет, писател (за возрасни и млади) и новинар.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото