Прозорец

06.03.2024 22:11

Јас сум прозорец од мрачна соба
кој гледа на улица.
Гледам асфалт, светла, луѓе.
Скриен сум и далечен.
Јас сум тивок, див самрак
кој го слуша сопствениот здив.
Мојот неподвижен, успиен поглед
ползи по полињата, оди по вода,
лебди над глетките.
Не движејќи се голтам воздух,
пијам светлина, дишам вода.
И бетон сум и трева,
и шума и град.
Опкружен со луѓе јас сум рамнотежа.
Насмевката ми е заборавеното време,
детски сон кој не се враќа.
Прозорец сум кој расте во самиот себе,
заблеснат од сонцето.

Превод: П. В.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото