1017 hPa
38 %
23 °C
Скопје - Нед, 13.10.2024 15:59
Таму каде што е љубовта спрема таткото
тука е и клинецот забоден во синот.
Таму каде што е свеста за Израел
тука е и веста за Алах.
Во предградието на Ерусалим постои маслина
која и не знае дека е маслина,
а камоли дека е маслина во Израел.
Нејзиното незнаење е постаро
од леопардовите пеги или од листовите на Тора.
Во паузата од убивањето на еден бог
и правењето друг од кал,
во паузата меѓу симнувањето гнили
црепови и поставувањето нови,
во паузата меѓу оргазмот во сено
и гаснењето на кометата на небо,
се слуша лисјето од таа маслина.
Превод: П. В.
Небојша Васовиќ (1953) е поет, есеист и литературен критичар од Србија. Роден е во Краљево (Србија), а живее и работи во Торонто (Канада). Во 1978 година дипломирал на Филолошкиот факултет во Белград на групата за југословенска литература и општа литература. Емигрирал во Канада во 1988 година, а потоа заминал во Сан Франциско, каде што магистрирал на Њу колеџ во Калифорнија во 1992 година со тезата за епиграмската поезија на Д.Х. Лоренс.