Една иста душа

03.12.2018 12:07
Една иста душа

Нека е среќен мигот кога седнавме, ти и јас
различни по облик и по лик, но имајќи една иста душа, ти и јас.
Боите на шумите и песните на птиците ќе ни ја доверат бесмртноста, кога ќе влеземе во градината, ти и јас.
Ѕвездите од небото ќе дојдат да нѐ гледаат:
Ти и јас, ќе им ја покажеме месечината, и нејзината светлост,
Ти и јас, ослободени од самите нас, ќе бидеме соединети во занес радосни без попусти зборови.
На небесните птици срцата ќе им пукнат од завист во тоа место каде што толку весело ќе се смееме, ти и јас.
Но големото чудо е дека, ти и јас, свиени во истото гнездо, во тој миг ќе бидеме,
ти во Ирак, а јас во Корасан.

Превод од француски: Елизабета Трпковска

Извор: Антологија на суфизмот, Ева де Витре-Мејеровиќ, Табернакул, Скопје, 2009.

Слика: Haris Sheikh