Промоција и работилница за изведувачки уметности во Кино Култура

07.12.2018 01:52
Промоција и работилница за изведувачки уметности во Кино Култура

Локомотива Центарот за нови иницијативи во уметноста и културата од Скопје во рамките на дискурзивната програма на Кино Култура - простор за современи изведувачки уметности и современа култура насловена „Уметност, Политика, Институција, Тело“ на 7 и 8 декември организира презентација и промоција на специјализираното списание за изведувачки уметности „Маска“ од Љубљана едиција „Автономија на танцот“ и работилница на тема „Како да се истражуваат уметнички практики или изведувачки уметности во југословенскиот контекст во текот на долгиот 20 век“. Двата настани ќе се реализираат со учество на истакнати теоретичари, драматурзи и професионалци од сферата на современи изведувачки уметности од Словенија и Македонија.

Петок, 7 декември
19.00-21.00 часот во Кино Култура

Промоција на списание за изведувачки уметности „Маска“ http://www.maska.si/ и едицијата „Автономија на танцот“.

Учесници: Рок Вевар - теоретичар во современ танц од Љубљана, Јасмина Заложник - теоретичар и драматург во современ танц од Љубљана, и Славчо Димитров и Биљана Тануровска Ќулавковковски– автори на текст во едицијата, и Андреја Копач – уредничка на списанието од Љубљана.

Промоција на „Маска“ списание за современи изведувачки уметности и едицијата „Автономија на Танцот“
Специјалното тематско издание на „Маска“ – „Автономија на танцот“: Студии на случај на современи практики во поранешна Југославија, беше објавено во соработка со истражувачката програма Номад Танц Институт на Номад Танц Академија, регионална платформа за современ танц, која работи од 2013 година и вклучува 28 активни учесници.

Во желбата да се „создаде своја сопствена современа архива која што сè уште не постои", Маска создава детален ре-контекстуализиран увид во состојбата во современиот танц и перформанс во земјите од поранешна Југославија. И покрај различните појдовни точки на архивирање и историографија, како и начинот и стилот на пишувањето, вообичаено сите придонеси го вклучуваат историскиот и контекстуалниот запис на процесот, односно, како современиот танц беше "ослободен" од полето на театар, балет, институција или општество и стана уникатно уметничко поле, но истовремено, составен дел од пошироките општествени движења и промени донесени во шеесеттите, осумдесеттите или деведесеттите години на минатиот век. Обемните статии (како пионерски дела) ги откриваат контекстите на Македонија (Славчо Димитров и Биљана Тануровска Ќулавковски), Србија (Милица Ивиќ и Игор Коруга), Словенија (Рок Вевар и Јасмина Заложник) и Хрватска (Ивана Ивковиќ, Ива Нерина Сибила, Катја Шимуниќ ).

Сабота, 8 декември
12.00-16.00 часот во Кино Култура
Работилница на тема “Како да се истражуваат уметнички практики или изведувачки уметности во Југословенскиот контекст во текот на долгиот 20 век” водена од Рок Вевар - теоретичар во современ танц од Љубљана, Јасмина Заложник - теоретичар и драматург во современ танц од Љубљана

Прв дел: презентација на книгата на Рок Вевар, Ден, Ноќ + Човек = Ритам: Антологија на словенечката танцова критика 1918 - 1960 (2018)
Вевар ќе претстави архива на рецензии, теориски статии и историски податоци, манифести од авангардата, како и новинарски и критички прегледи на танц, танцов театар и модерна кореографија во Словенија од 1918 до 1960 година.
Периодот опфатен во книгата е обележан со релативно инклузивно, отворено и течно културно опкружување во кое уметноста на танцот беше во фокусот на јавниот интерес без значителни жанровски поделби (како на пример, меѓу современиот танц и балет), сценскиот танц генерално бил поле на значителна иновација, и културната институција за балет се сметала како простор за претставување на високо квалитетна танцова уметност со различно потекло (како модерен и класичен балет, модерен танц, ритмика, Ausdruckstanz (експресионистички танц), мелопластичен, пластичен балет и танц, апстрактни танци, современ танц, како што дефинира Фердо Делак под влијание на Лабан, театарскиот танц кој трансформира различни наративни елементи во специфичен кореографски медиум).

Учесниците ќе го запознаат подобро контекстот, големиот интерес за телото и танцот, теориски обиди и историцизации од средината на 1920-тите, основните естетски парадигми на сценскиот танц; позицијата на женските писатели и танчери и нивните машки колеги, значењето на танцот за време на военото време, трансформацијата на балетот и понатамошниот развој на современиот танц итн.

Втор дел: Докторска дисертација на Заложник за алтернативни перформативни практики како нови уметнички практики во Љубљана, Белград и Нови Сад по 1965 година.
Заложник ќе презентира некои од основните алатки и примери преку кои ги анализира и проучува изведувачките уметнички практики (изведба, театарски практики, танц, црн-бран кино и сл.) во Југославија со изложување на перспективи во креирањето на овие уметнички дисциплини. Учесниците ќе се запознаат со подобрите специфичности на практиките во југословенскиот контекст, тактиките и стратегиите што ги користеа прогресивните уметници и други интелектуалци во борбата за промена на општествениот поредок.

Трет дел: Вевар, Заложник - презентирање на методолошки пристап и клучни прашања, поставеност, ориентација, фокус и процедури во материјалните анализи.
Вевар и Заложник ќе го претстават нивниот начин на работа и развивање на методологија за истражување и проучување на историски материјали, и изложувањето на тешкотиите и возбудувањата кои ги изненадија истражувачите за време на нивниот процес.

Програмата се реализира во рамки на проектот “Кино Култура- простор за современи изведувачки уметности и современа култура” поддржан од Министерство за култура на Република Македонија и општина Центар.