Промоција на „Радио“ од Љупчо Јолевски

16.01.2019 03:15
Промоција на “Радио“ од Љупчо Јолевски

Во четврток (17 јануари), со почеток од 20:30 часот, во кино „Фросина” во МКЦ ќе се одржи промоцијата на книгата „Радио“ од новинарот Љупчо Јолевски.

Книгата е субјективен избор на авторот од прилозите, односно текстовите пишувани и објавени за Радио Слободна Европа. Поделена на неколку целини – музика, литература, ликовна уметност, филм, театар, уметничка фотографија. Преку текстовите, Јолевски нуди негово видување на македонската култура во изминатите 25 години. На страниците се забележани мислите и ставовите на поголем број македонски уметници и творци. „Радио“ ја чинат повеќе од 730 страници и речиси толку фотографии и илустрации.

Промоцијата ќе се одржи во рамките на манифестацијата „Роденден на уметноста“ на МКЦ, а покрај рецензентите Елизабета Баковска, Марко Коловски и Ана Франговска, соработниците Билјана Билбиловска и Сашо Димоски, ќе може да се проследат и изведбите на актерот Игор Трпчевски, пијанистката Дуња Иванова, гитаристот Ибрахим Мехмети и перкусионистот Ратко Даутовски, џез-панк-фанк-авангарда дружината Сетстат.

 

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото