LocoMotion 3

14.10.2010 14:10
LocoMotion 3

LocoMotion 3 оваа година го носи насловот Простор за дијалог, за да ја акцентира потребата за дијалог на сцената - помеѓу авторите, актерите на сцената, публиката, како и оние кои одлучуваат за развојот на уметноста. Дијалогот е потребен за да критички се рефлектираат состојбите во кои денес се организира и продуцира уметноста, и да се промисли како фестивалскиот формат може да интервенира во нејзино подобрување.

Овогодинешната програма опфаќа неколку програмски аспекти: соработка (пред настанот на 6 октомври [В.Р.Е.М.Е.] и работилницата Move-work-talk-shop за танц и драматургија, од 15 до 20 октомври), едукација за млади танчери од средното училиште и Факултетот за балетска педагогија/отсек Современ танц (работилницата со Мод Лиардон на 15 октомври), регионална и интернационална програма (претставите „MOVE-AS/Приказни за телото 4“ од Словенија; „ARNICA 9CH (мојот живот како танчерка)“ од Швајцарија на 16 октомври и „Изненандено тело“ од Норвешка/Италија на 20 октомври) и посебниот програмски дел посветен на младите македонски автори на 23 октомври за кој ние како програмски уреднички не се стремевме да селектираме дела туку да овозможиме платформа каде овие млади автори ќе можат да ги искомуницираат своите нови авторски видувања со публиката.

Програма на фестивалот

15 – 20 октомври
ДМБУЦ: 12:00 - 17:00
FAST FORWARD
Move-work-talk-shop за танц и драматургија - (Не)Лични приказни

15 октомври, петок
ДМБУЦ 12:00 - 14:00
Работилница: Мод Лиардон (Швајцарија)

16 октомври, сабота
МКЦ 20:30
MOVE-AS / Приказни за телото 4
Концепт, режија и кореографија: Снежана Премуш (Словенија)

МКЦ 21:30
ARNICA 9CH (мојот живот како танчерка)
Кореографија: Мод Лиардон (Швајцарија)

20 октомври, среда
ДМБУЦ 17:00
Презентација:
(Не)Лични приказни

МКЦ 20:00
Изненадено тело
Кореографија: Франческо Скавета (Норвешка/Италија)

23 октомври, сабота
МКЦ 20:00
Те гледам!
Кореографија: Викторија Илиоска (Македонија)

МКЦ 20:30
Бубачки
Кореографија: Кире Миладиноски (Македонија)

МКЦ 21:00
Да се чува на собна температура
Автори, кореографи, изведувачи, сценографи и костимографи:
Александар Георгиев (Македонија) & Игор Коруга (Србија)

МКЦ 22:00
Траги
Автори, сценографи, светло и видео: Викторија Динева и Крсте Господиновски
Концепт за кореографија: Викторија Динева
Кореографија: Ана Јосифовска

Локации

Младински културен центар (МКЦ) - Кеј „Димитар Влахов“ б.б, 1000 Скопје, Македонија
Државен музичко-балетски училишен центар „Илија Николовски Луј“ (ДМБУЦ) - „Питу Гули“ бр. 1, 1000 Скопје, Македонија

Фестивалот е поддржан од: Швајцарска програма за култура во Западен Балкан, Прохелвеција - Швајцарски совет за уметност,Европска програма за култура 2007-2013, Шведски институт, Министерство за култура на Република Македонија и Град Скопје.

Благодарност до сите учесници и соработници на фестивалот за поддршката и за нивниот влог без кој овој фестивал немаше да се оддржи.

Посебна благодарност до партнерoт на фестивалот Младински Културен Центар, и благодарност за соработката до ДМБУЦ „Илија
Николовски - Луј“.

Фестивалот е реализиран во рамките на проектот Градина на Европа, како дел од активностите на Номад Танц академија.