Првата Парада на гордоста во Скопје ќе се одржи на 29 јуни

21.05.2019 01:11
Првата Парада на гордоста во Скопје ќе се одржи на 29 јуни

Националната мрежа за борба против хомофобија и трансфобија го објави одржувањето на првата Парада на гордоста на скопските улици во последната сабота од јуни.

Ирена Цветковиќ ја истакна важната улога која медиумите ја имаат во заедничката борба за праведно општество во кое се почитуваат човековите права и слободи на сите граѓанки и граѓани, вклучително и ЛГБТИ заедницата.

Антонио Михајлов ја нагласи потребата од што е можно поголема поддршка и активно учество од сите чинители: политичари, јавни личности, активисти, уметници на Парадата на гордоста, солидаризирајќи се со ЛГБТИ луѓето. Парадата на гордоста креира простор кој еманципира и ослободува, и е отворен за сите, без разлика на нивната нација, вера, род, сексуална ориентација, родов идентитет итн.

Годинава се одбележува 50-годишнината од првите демонстрации во Њујорк, познати како Бунтот од Стоунвол, кои беа пресвртна точка за создавање на ЛГБТИ движењето, односно борбата за почитување на основните човекови права и спротивставување на прогонот и стигматизацијата на ЛГБТИ луѓето – изјави Кочо Андоновски. Северна Македонија е последната земја од регионот која организира Парада на гордоста.

Извор: Коалиција Маргини

 

ОкоБоли главаВицФото