92-годишна жена 30 години не пропушта парада на гордоста

20.09.2016 16:47
92-годишна жена 30 години не пропушта парада на гордоста

Големата поддржувачка на ЛГБТ права, Френсис Голдин е учесник на Парада на гордоста во Њујорк од самите почетоци, а станала препознатлива по транспарентот кој го носи и кој ја има истата порака веќе 30 години - „Ги обожавам своите ќерки лезбејки! Чувајте ги!“

Оваа 90-годишна госпоѓа станала поддржувач на ЛГБТ заедницата уште за време на првата Парада на гордоста во Њујорк, во 1970 година, кога нејзините ќерки се аутирале. Првично на транспарентот било испишано „Ги обожавам своите ќерки лезбејки“, а пораката „Чувајте ги“ ја додала во 1993 година, кога учествувала на историскиот ЛГБТ марш во Вашингтон.

На задната страна на транспарентот пак, пишува - „горда мајка на лезбејки“, а Френсис Голден секоја година стои на истото место и доаѓа на Парадата без разлика на тоа дали присуствуваат и ќерките - пренесуваат PinkNews.

„Доаѓам на Парадата од нејзините почетоци и мавтам со својот транспарент. Пораката навистина ги трогнува луѓето, особено оние кои биле избркани од своите родители. Луѓето секогаш сјајно реагираат и тоа го доживувам како поттик да доаѓам и понатаму“ - истакнува Френсис. Нејзините ќерки, од друга страна, истакнуваат дека понекогаш се случува следното: млади луѓе доаѓаат и ја замолуваат Френсис за поддршка, а таа често им пишува и на нивните родители и ги охрабрува да ги прифатат своите деца.

„Мислам дека некои го променија своето мислење и се радувам за нив. Сите родители би требало да ги поддржуваат своите геј деца, бидејќи во спротивно губат многу“ - порачува Френсис.

Извор: lgbti.mk

ОкоБоли главаВицФото