Трета парада на гордоста во Скопје

25.06.2022 12:42
Трета парада на гордоста во Скопје

Фото: Небојша Гелевски

Под мотото „Излези за љубов! Достоинство, Еднаквост, Правда“, денеска во Скопје ќе се одржи третата Парада на гордоста. Парадата почнува во 17 часот во паркот „Жена-борец“, од каде во 19 часот ќе тргне протестниот марш по скопските улици и ќе заврши со културно-забавна програма на стадионот на АРМ во Градскиот парк.

Ќе пеат Андреа и Наде Спасовска-Талевска, ќе настапат диџеи и дрег кралици од земјата и од регионот, а програмата ќе ја води актерката актерката Наталија Теодосиева.

„Парадата на гордоста останува важна форма на протест на ЛГБТ+ заедницата против стигмата, предрасудите и насилството. Прајдот е крик во име на милионите луѓе соочени со социјално исклучување, нарушена телесна автономија и ограничен пристап до услуги кои се достапни за сите останати. Скопје Прајд, како и другите паради на гордоста, е празник на љубовта, ден на видливоста на маргинализираните и, секако, повод за славење на жилавоста на нашата борба за еднаквост“, велат рганизаторите, Националната мрежа против хомофобија и трансфобија.

Првата Парада на гордоста се одржа во 2019, а втората лани по паузата поради ковид кризата.

Поради одржувањето на „Парада на гордоста“, ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќај по сообраќајниците на централното градско подрачје на Скопје, соопшти Министерството за сообраќај. После 17 часот за време на маршот кој треба да започне од пред Паркот „Жена борец“ во центарот на градот, за време на движењето на учесниците на парата, ќе бидат затворени улиците .„11-ти Октомври“, ул.„Димитрие Чуповски“,, ул.„Васил Главинов“, бул.„ВМРО“, бул.„Илинден“, ул.„Аминта Трети“ и ул.„1732“. Маршот треба да заврши во Градскиот Парк, каде потоа на стадионот на АРМ ќе има забава.

Ова е трета парада на гордоста што се одржува во Скопје. Првата се одржа во 2019, потоа следната година немаше поради пандемијата со ковид, втората се одржа лани.

 

ОкоБоли главаВицФото