Најдобрите видеа на Vimeo

25.10.10 09:57

Минатата недела, во рамки на Vimeo фестивалот кој се одржа во Њујорк, за првпат беа доделени наградите за најдобри видео дела од порталот Vimeo за минатата година.

За сите оние кои можеби не знаат, Vimeo претставува портал за поставување видеа каде регистрираните корисници можат да закачуваат, споделуваат и гледаат различни видеа. Посебна карактеристика на Vimeo е тоа што таму не можат да се најдат комерцијални видеа, порнографија или содржина која не е направена од авторот што ја поставил.

Денес Vimeo има 3 милиони корисници и на порталот дневно се поставуваат по околу 16 000 нови видео содржини. Во една таква конкуренција навистина е тешко да се изберат најдобрите. Во конкуренција за наградата беа пријавени 6500 дела, а жирито за победниците одлучуваше во девет категории: наративно видео, ремикс, оригинална серија, документарно видео, музичко видео, анимација, motion graphics, експериментално видео и категоријата captured (видео материјали кои бележат уметничка работа или изведба).

За видео на минатата година е прогласен филмот „Last minutes with Oden“, победник во категоријата за документарен филм. Автор е Елиот Рауш. Се работи за исклучителен документарец, една чувствителна приказна која ги следи последните мигови меѓу Џејсон и неговиот пес Оден.

Your browser is not able to display this multimedia content.

ОкоБоли главаВицФото