Куќа на Марс

08.07.2019 17:06
Куќа на Марс

Новата книга на Будимка Поповска Буде, „Куќа на Марс“, содржи седумдесетина песни. Самата Буде во поговорот вели:

„Оваа книга настана во еден здив за време на мојот престој 'Во хотелот за Марсовки', помеѓу смртта на Милан, Хинки, Меги и Шуки во средната точка помеѓу Индиски и Тихи Океан... Помеѓу 'Само чекам да помине' и 'Тргни, трни кон мене', 'Ми треба свет отворен за 5000 луѓе', и 'Не се доволни зборови, само обични зборови'. На само 50 метри од Вардар, реката во која сосема случајно потона мојот кревет, една мирна ноќ во јуни. Среќа што во тој миг (не) бев во него. Скопје мирисаше на задоцнети јорговани, печени пиперки и цимет, а градската служба за влечење никогаш не успеа да го најде... Ме извадија само мене, и тоа одеше како ударна вест на сите портали.
И додека од реката вадеа стари шпорети, телевизори, грамофони и машини за мраз, сфатив дека за да сонуваш на големо, сонот не мора да е голем, и не ти треба кревет. Треба само да знаеш дека сѐ е сон, и дека ти си сонувачот што го држи воланот.“



Будимка Поповска е родена 03.03. 1967 во Скопје. Средно училиште завршила во Гимназијата „Раде Јовчевски Корчагин“, генерација 1981-85, а потоа студирала на Факултет за класична филологија на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје.

Главното образование го добила од директниот линк со рокенрол музиката. Светска, југословенска, македонска.

Во периодот од 1996 до 2015 живеела во манастир. Во тој период живеела по помалите градови и села низ Македонија, користејќи го мотото: запознај ја својата земја за да ја сфатиш подобро.

Потоа се вратила дома. Живее во Скопје, и работи како иконописец, колумнист (фриленсер) во македонската периодика. Член е на Друштвото на Писатели на Македонија од 2013 година.

Авторка е на книгите:
„Врата“ Темплум, Скопје 1994.
„Полигони“, Темплум, Скопје 2007.
„Друга визура“, Премин, Скопје, 2008.
„Невидливи вежби“, Пунктум, Скопје, 2011.

 

Дел од песните можете да прочитате овде.

 

ОкоБоли главаВицФото