Како се протестира во Хонконг

15.08.2019 01:31
Како се протестира во Хонконг

Протестите во поранешната британска колонија траат веќе 10 недели откако незадоволните граѓани излегоа на улиците да протестираат против ерозијата на слободите и автономијата под кинеска управа. Противниците на спорниот закон за екстрадиција, заради кој започнаа протестите, тврдат дека тој ќе биде алатка за пресметување со политичките неистомисленици на Пекинг, властите пак убедуваат дека законот ќе спречи Хонгконг да се претвори во рај за криминалците.

На протестите во Хонгконг излегоа околу 2 милиони луѓе, што е 25 отсто од вкупното население. Последната недела напнатоста ескалираше, сепак од страна на демонстрантите нема дивеење или насилство. Луѓето во Хонгконг протестираа поинаку; тие покажуваат неверојатна дисциплинираност, единство и голема почит за својот град.

Во јуни, кога започнаа протестите, многу студенти истовремено и учеа за завршните испити и протестираа

По протестот, шишињата се уредно наредени пред кантите за рециклирање отпад

Демонстрантите прават простор да помине возилото на брзата помош 

По протестите, демонстрантите организирано го расчистуваат просторот

Жив ѕид за заштита од солзавецот со кој полицијата ги растеруваше демонстрантите од пред седиштето на владата

Волонтери облечени во сини наметки со медицински маски и очила прават човечки ѕид за да го заштитат просторот за прва помош за демонстрантите

Иако на улиците излегуваа по околу 2 милиони луѓе, нивното единство и дисциплина се речиси неверојатни

Демонстрантите го собираат ѓубрето и го сортираат за рециклирање

Шишињата со вода наредени долж тротоарите се за демонстрантите, да ја згаснат жедта и да го измијат лицето од солзавец

Новинарите од Хонгконг носат шлемови, маски и заштитни елеци на прес конференција како израз на незадоволство за акциите на полицијата

Овие демонстранти трчаат гаснејќи го огнот

Извор: Bored panda