Сѐ повеќе граѓани на Ѓорче летуваат во Ѓорче

17.08.2019 13:06
Сѐ повеќе граќани на Ѓорче летуваат во Ѓорче

 

 Ова лето забележан е драстичен пораст на бројот на граѓани на Македонија заинтересирани за домашен туризам, меѓу кои предничат граѓаните на скопската општина Ѓорче Петров, кои масовно одлучиле своите годишни одмори да ги поминат во Ѓорче Петров, соопшти денес Националниот завод за статистика.

Истражувањето кое беше спроведено во текот на месец јули, покажало дека Ѓорче Петров станало омилена дестинација на сите граѓани а Ѓорче Петров, како и на луѓето од околните места.

-Повеќето граѓани на оваа скопска општина се изјасниле дека целото лето ќе го поминат во Ѓорче Петров, додека голем број мештани уште отсега знаат дека на зима исто така ќе скијаат во Ѓорче. Многумина веќе одучија и Нова година и Божиќ да ја поминат во овој симпатичен град. Оваа општа одлучност на граѓаните на Ѓорче да летуваат и зимуваат во своето родно место може само да служи за пример и да ги охрабри останатите граѓани на Македонија кои сѐ уште не одбрале дестинација за годишен одмор – соопти референтот на заводот за статистика, Миле Милославков.

Ги прашавме граѓаните на Ѓорче Петров како се решиле на овој одважен чекор.

-Како прво, имам куќа во Ѓорче. На убаво место е, има клима уред, а близу има продавница. Како второ, слушнав дека и претседателот се залага за домашен туризам и дека прави сѐ за да ни овозможи летување ширум Србија. Ова нека биде мојот скромен придонес – ни рече стариот Ѓорчевец кој сакаше да остане анонимен.



Адаптирано од: https://www.njuz.net