Утре почнува 14. Акто под мото: „Прво леб, па морал!“

28.08.2019 14:13
Утре почнува 14. Акто под мото: „Прво леб, па морал!“

Од 29 до 31 август во Битола ќе се одржи 14-тото издание на Акто фестивал за современи уметности. Годинава слоганот на фестивалот е реченицата на Брехт: „Прво леб, па морал!“. Фестивалот е во организација на „Факултет за работи што не се учат“ и е реализиран со поддршка на Министерство за култура, Општина Битола/ Бит фест и Фондација Фридрих Еберт.

„Иако станува збор за брехтов афоризам, сепак во збиената мисла „Прво леб па морал“ се изедначуваат повеќе општествено–политички и културни случки и настани од изминатиов период, иако можеби е едноставно матрица која долго време е пуштенa на повторување. Во ова конкретно замислено, не докрај осмислено, но со полна пареа капиталистичко општество, стомакот најверојантно е главниот императив. Тој сè уште е празен кај оние кои искрено и посветено го водат својот живот, но расте кај оние на кои никогаш не им е доста. Стомакот стана доминантна етичка константа па единствена „забава“ е само занимацијата на расплеткувањето кој е и колкав е интересот во позадината.

Колкав може да биде апетитот?
На секој различен.
А дали може да се расипе апетитот?
Може, секако.
А дали апетитот може и да се намали?
Е, за тоа треба работа.
Апетитот е политичка работа. Кој колку има апетит значи и дека толку ќе работи на одреден и специфичен начин за да може да си го задоволи.

Во хаосот на различните толкувања на партикуларните интереси од една страна и одговорноста и етиката од друга страна во општеството, кои се првенствено идеолошки разлики, се зголемуваат еколошките катастрофи и климатските промени, масовните иселувања, дискриминациите, општата депресивна состојба и лажниот морал. Тосикацијата на и во секојдневиот живот се посилно ги зацврстува овие појави и ги замаглува етичките вертикали. Токму затоа треба да си дозволиме да погледнеме повторно и во нас самите. Во посакуваното општество, кое треба да се изгради и на кое сите треба да работиме, каде маргинализациите се сведени на минимум, а одговорноста и етиката се главните начела, ексклузивистичките лични аспирации не се приоритет. И во таков општествен контекст АКТО силно верува“, објаснуваат организаторите.

Во годинешната програма на фестивалот Акто ќе учествуваат реномирани регионални и европски автори, како и неколку визуелни автори од земјава, кои преку своите проекти ќе понудат отворена платформа за размена на мислења, но и со директно соочување со она што не мачи денес - борбата помеѓу апетитот и етиката и сето она што прозлегува од оваа конфронтација.

Свои претставувања ќе имаат уметниците Тања Остојиќ, Синиша Лабровиќ, Персефони Мирцу, Иван Дургутовски, ќе се одигра премиерно претставата „Приказна за окото” според текст на Жорж Батај во режија на Мартин Кочовски. АКТО како и сите изминати години со своите програмски активности отвара нови простори за продукција и претставување на современа уметност, јавни простори, напуштени хали како и поттикнува соработка со јавните институции како Народен Театар Битола и Центар за Култура Битола.

„Во тој дух, оваа година АКТО ја отвора и темата „Каква уметничка галерија ни треба?“ (во Битола) каде ќе се обиде да го отвори и ова прашање кое ќе зборува за потребите на локалната заедница од галериски простор, а исто така ќе ги активира и младите во една нова форма АКТО клуб за млади. АКТО ќе потсети и за што е разговарано изминативе години преку АКТО Агората, но секако ќе понуди и место за дискусија, воздишка и поддршка.
И ќе порача дека на крајот на краиштата или на почетокот на почетоците, треба веќе конечно да ни стане јасно, дека ни е најважно што и како споделуваме“, велат организаторите.

Продукција: Организација „Факултет за работи што не се учат (ФР~У)“
Кураторски тим: Ивана Васева, Филип Јовановски
Извршен продуцент: Елена Ристеска
Продукциски тим: Матеј Шунда, Стефан Јосифовски, Огнен Поповски, Анџела Петровска, Ана Џима, Никола Славевски, Маја Васева
Уредници на каталог: Елена Копртла, Ивана Васева
Превод: Ана Мијовска
Дизајн: Иван Дургутовски

Партнери на фестивалот: Центар за култура Битола, Народен театар Битола, Железници на Република Северна Македонија Транспорт АД – Скопје, МКЦ – Фестивал „Здраво Млади“ , Телевизија ТЕРА, Мезе бар „Јагода“, Кафе бар „Радост“

 ПРОГРАМА: 

АКТО ВОЗ
И оваа година АКТО обезбедува бесплатен билет за возот на релација Скопје – Битола – Скопје за оние кои
сакаат да дојдат на фестивалот.
Бесплатниот превоз овозможува тргнување на 29 август од Скопје за Битола во терминот 14:30 часот.
Тргнување од Битола за Скопје на 31 август за „Здраво млади“ во терминот 12:52 часот и потоа враќање за
Битола 1 септември во терминот 14:30 часот.
Пријавување на телефон 078 390 945 и на мејл organizationfru@gmail.com
Пријавувањето важи до 26 август. Сите оние кои ќе се пријават после овој датум нема да бидат земени предвид.

29.08.2019 четврток

>10:00 – 14:00 - АКТО ЗА ЗАЕДНИЦАТА - АКТО КЛУБ НА МЛАДИ
Локација: АКТО галерија во НУ Центар за култура Битола (поранешна галерија, до репертоарот на НУ Народен
театар - Битола)
Работилница за изложба sLOGan
Заеднички проект на Бојана Исијанин и Ана Џима (МК)

> 12:00 – AKTO УМЕТНИЧКА ПРОГРАМА
Локација: АКТО галерија во НУ Центар за култура Битола
Каква галерија ни треба?
Проект на ФР~У во соработка со Никола Славевски (МК)

> 12:30 – AKTO УМЕТНИЧКА ПРОГРАМА
Локација: АКТО галерија во НУ Центар за култура Битола
Капитал, видеа на Иван Дургутовски (МК)
Отворање и коктел

> 17:45 - АКТО ЗА ЗАЕДНИЦАТА

Локација: Телевизија ТЕРА
АКТО АГОРА – Граѓаните за јавното добро – граѓаните за Офицерски дом. Каков Офицерски ни треба?
Премиера - Емитување на дискусијата одржана на 12. АКТО Фестивал на 2 септември, 2017 година

> АКТО УМЕТНИЧКА ПРОГРАМА

> 19:00 Локација: Меѓународен аеродром Скопје, akto.festival (Facebook), aktofestival (Instagram, Twitter)
Разместени жени?Резултат #2: Држејќи го знакот Разместени жени?, проект на Тања Остојиќ (ДЕ)

> 19:30 Локација: повеќе телевизиски станици во Скопје и Битола, akto.festival (FB), aktofestival (Instagram,
Twitter)
Просјачење, проект на Синиша Лабровиќ (ХР)

> 20:00 Локација: АКТО галерија во НУ Центар за култура Битола
Laissez-Passer / Laissez-Tomber, предавање – перформанс на Персефони Мирцу (ГР)

> 21:00-01:00 - АКТО МУЗИКА
Локација: кафе бар „Радост“
SEINE (ХР)
Виолета Качакова (МК)
Мирко Попов (МК)

> 01:00 After party во соработка со мезе - бар Јагода
Локација: Железничка станица магацин

30.08.2019 петок

> 10:00 – 14:00 - АКТО ЗА ЗАЕДНИЦАТА - АКТО КЛУБ НА МЛАДИ
Локација: АКТО галерија во НУ Центар за култура Битола
Работилница за изложба sLOGan
заеднички проект на Бојана Исијанин и Ана Џима (МК)

> 12:00 – 19:00 - АКТО УМЕТНИЧКА ПРОГРАМА
Локација: АКТО Галерија во јавен простор

> 12:00 Локација: споменик Стив Наумов
Ова го правам за вас прекрасни луѓе, перформанс на Синиша Лабровиќ (ХР)

> 19:00 Локација: плоштад „Магнолија“
Mispalced Women? and the Tourist Suitcase, перформанс на Тања Остојиќ (ДЕ)

> 17:40 АКТО ЗА ЗАЕДНИЦАТА
Локација: Телевизија ТЕРА
АКТО АГОРА – Граѓаните за јавното добро – граѓаните за Офицерски дом. Каков Офицерски ни треба?
Реприза - Емитување на дискусијата одржана на 12. АКТО Фестивал на 2 септември, 2017 година

> 20:30-21:30 – УМЕТНИЧКА ПРОГРАМА

Локација: НУ Народен Театар Битола
Претстава: Приказна за окото
Режија: Мартин Кочовски (МК)
*Претставата не е наменета за лица под 18 години.
* Претставата е за ограничен број на публика од 40 луѓе.
Регистрација за билет на телефон 078 390 945 и на мејл organizationfru@gmail.com

> 21:00-01:00 - АКТО МУЗИКА - АКТО КЛУБ НА МЛАДИ

Локација: мезе бар Јагода
Berry Qyat (МК)

> 01:00 After party во соработка со мезе - бар Јагода
Локација: Железничка станица магацин
JosS (Hauz) (МК)
Dejan Dex (Hauz) (МК)
Ivan Dautovski (Pirka) (МК)
Rem Perry (ФР)

31.08.2019 сабота

> 11:00 АКТО ЗА ЗАЕДНИЦАТА - АКТО КЛУБ НА МЛАДИ
Локација: АКТО галерија во НУ Центар за култура Битола
Изложба: sLOGan
заеднички проект на Бојана Исијанин и Ана Џима (МК)

> 12:00 – 15:00 - АКТО АГОРА
Локација: пред АКТО галерија во НУ Центар за култура Битола
Прво леб па морал, дискусија со храна