Везилки

18.10.2019 10:26

(Според Б. Конески)

Везилките седат во пештера темна,
мижурка огнот и ним не им се гледа;
студено е, влажно, скукалени ѕемнат,
со прстите вкочанети волната ја предат.

Со грубата преѓа потоа врз платното везат.
Шарите се нејасни, знак со знак се кара.
Поетите стојат, не се осмелуваат да влезат,
не се сигурни ни каков одговор бараат.

– Везилки, кажете, ви бараме совет,
нашата песна каква ќе треба да биде?
Низ пештерата дува црн и мразен провев,
на везилките низ грбот покосница им иде.

– Песната треба, велат, но мислата им бега
на друга страна, се збркуваат, грешат,
како склупца птиците празнината ги стега,
песната... да... Но гласот им се меша

со мрморот на подземните води,
ете, не сме арни, костобол нѐ клука –
ехото се одзива како злобен подбив –
да, шушкаат со усни, постоеше ука

ја знаевме, но веќе премногу сме стари
и во везот наш бесмисла се вплела.
Последната гламна нејасно се жари.
Се згуснува мракот. Да, песната... велат.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото