Опасни свечености

15.02.2019 19:37

Во свечено мермерно здание
(тоа е сигурно музеј?)
трчам од сала во сала
носејќи (сепак се работи за градски аквариум!)
в раце голема морска желка
што прета со перките.
Дали сум повикан на симпозиум?
Каде сум ја оставил пропусницата?
Желката ми ја одземаат
со многу недоразбирања.
Управникот, облечен во скафандер,
гестикулира бесмислено. Ме влечат,
ме претресуваат, ме соблекуваат.
Се пробивам гол низ толпата.
Излезен на морски брег се вртам:
со златни букви (во грчки стил, се разбира)
на зданието пишува: Театар.
Сум учествувал значи во претстава.
Но зошто не ми ги вратиле документите
и зошто ме прогонуваат од земјата?

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото