Римска гробница декорирана со првиот стрип

29.11.2019 17:27
Римска гробница декорирана со првиот стрип

 

Неодамна откриена римска гробница во Беит Рас, град на северот на Јордан, содржи колекција впечатливи слики комбинирани со текст, кои наликуваат на стар прото-стрип.

Подземната гробница е голема 51 квадратен метар и содржи две посебни погребни соби. Главната соба е украсена со четири слики што заедни приажуваат речиси 260 богови, луѓе и животни. Важно е да се забележи редоследот: во централната слика, службеник принесува жртва на божествата-заштитници на Капитолис (денешен Беит Рас) и Каесареа Маритима, главниот град на провинцијата Јудеја; втората слика прикажува селани што работат на полиња со волови и сечат дрва со помош на боговите; третата слика прикажува конструкција на бедеми (некои од работниците дури се прикажани како имаат несреќи качувајќи се по ѕидовите или сечејќи камења), и четвртиот прикажува свештеник како прави уште една жртва на тие божества.

Истражувачите веруваат дека сликите и нивниот распоред кажуваат приказна за основањето на Капитолиа. Прво, свештеникот им се обраќа на боговите за совет каде да го воспостави градот, потоа работниците ја обработуваат земјата и креваат бедеми за одбрана, и конечно заедницата се заблагодарува со уште една жртва кога работата е завршена. Истражувачите велат дека декорацијата на гробницата невообичаено богата.


Двајца работници обработуваат камен за градба на тврдината. Според археолозите во облачињата зборови пишува „Јас обработувам камења“ и „За жал, мртов сум“.

Највозбудливиот дел од откритието можеби е текстот што ги придружува сликите. Повеќе од шеесет натписи кои наликуваат на облачиња со зборови преку кои им се дава глас на ликовите на ѕидот, ги опишуваат активностите на ликовите, кои објаснуваат што прават („Јас обработувам камења“ ; „За жал, јас сум мртов!“) што е исклучително. Повеќето се на арамејски со грчки букви, спојувајќи ги двата главни јазици на римскиот Близок исток. Натписите придружени на божествата се напишани само на грчки, што ги одделува од хибридниот текст на работниците.

Капитолис припаѓал на дел од Римската империја познат како Декаполис, група од десет градови што го задржале наследството на хеленската култура и уживале релативна автономија од империјата. Има мноштво римски артефакти во областа околу Беит Рас, но ова е едно од повозбудливите. Локацијата била откриена при рутински работи на пат кај училиште во 2016.

Дионис и останатите го расчистуваат земјиштето за Капитолиас.

Извор: atlasobscura.com/

Слични содржини

Општество / Свет / Историја
Општество / Активизам / Култура / Теорија / Историја
Европа / Свет / Историја
Општество / Став / Историја
Став / Теорија / Историја
Никола Гелевски

ОкоБоли главаВицФото