1016 hPa
51 %
25 °C
Скопје - Саб, 07.09.2024 20:59
На 23 декември, понеделник, во рамки на Малиот новогодишен саем на книга во организација на издавачката куќа Темплум, се одржа изложбата „Фантомима“ од Будимка Поповска – Буде. Промотори беа Никола Гелевски и Мелентие Пандиловски.
Притоа, беа промовирани и три книги од авторката: „Куќа на Марс“ (македонско и англиско издание) и „Ботичелиев каталог“.
„Фантомима“ е збир од „слики“ настанати во периодот од 2015-2019, во потрага по спојница помеѓу фантаијата и начинот на кој телото има потреба да се ослободи од контролата и слободно да ги исчита внатрешните случувања, без да ги осмислува со цензура, без претходно да ги пушта да поминат низ филтерот на рационалното.
Сликите се изработени на платно и на хартија со водени боици, темпера и дрвени и пастелни бои. Фантомима е обид да се изложат чувствата такви какви што се, чиста енергија со боја и тексти во синхроницитет со лиматските промени, општествеите промени, глобалните случувања коишто во микроклимата на Скопје се исцртуваат како регресија.“
Изложбата ќе биде отворена до крајот на Малиот новогодишен саем на книга - сабота, 28 декември, 22 часот.
Фотографии: Јелена Белиќ