Весели вести

31.12.2019 18:21
Весели вести

На прагот од новата година, грст позитивни факти кои потсетуваат дека светот сепак се менува.

 

1. Десетици животни кои се сметале за изумрени биле пронајдени живи во „Изгубениот град“ длабоко во дождовната шума во Хондурас.2. Научници развиле нов начин за правење промени на ДНК, наречен примарно едитирање со кој би можеле да се избегнат 89% од 75 000 генетски болести.

3. Фабрики за процесирање отпад во Кина користат до еден билион лебарки за процесирање 50 тони отпадна храна дневно.4. Научници во Финска ја развиле првата вакцина во борбата за зачувување на пчелите.

5. Порнхаб лансираше нов канал „BeeSexual“ за помош во борбата за спасување на пчелите. За секој клик Порнхаб донира пари на организации за заштита на пчелите.

6. Во Берлин, еднаш годишно, некупените божиќни дрвја се користат како храна за слоновите во зоолошките градини.

7. Германски циркус користи холограми од животни наместо вистински животни во обид да стави крај на насилството врз животните.

8. Научници развиле „Вештачки лист“ што го впива CO2 од воздухот и создава одржлива чиста енергија.9. Холандија изградила пет вештачки острови за зачувување на диви животни и растенија. Во првите две години биле зачувани 30 000 птици и 127 видови растенија.

10. Земјоделците со ориз низ светот користат патки наместо штетни пестициди. Патките ги јадат инсектите и плевелот без да ги допрат растенијата.

11. Холандија официјално стана првата држава без улични кучиња.12. Во Јапонија се продава весник направен од рециклирана хартија и семиња. Штом читателот заврши со читање, го кине на мали парчиња, го сади и весникот расне во цвеќе.

13. Во Колумбија, жени со оштетен вид тренирани за детектирање на рак на дојка имаат подобри резултати во откривањето на болеста од редовните доктори.

14. Научници нашле начин да ги конвертираат сите типови на крв во универзалниот тип 0, кој е безбеден за примање за сите пациенти.

15. Во Шведска дарувачите на крв добиваат смс-порака секогаш кога нивната крв ќе спаси живот.

16. Соларен проект во Африка има за цел за прв пат да донесе електрична енергија до 90 милиони луѓе, така извлекувајќи ги од енергетска сиромаштија.

17. Индија користи пластика извлечена од Индискиот океан за изградба на патишта.

18. Be My Eyes е апликација каде волонтери од целиот свет помагаат на луѓе со оштетен вид да завршат мали задачи преку видео повик во живо.

19. По увидот дека повеќе од 1500 луѓе годишно умираат од самоубиство, во Шведска била отворена првата брза помош за ментално здравје.20. Програмата „Посвој студент“ во Милано овоможува на студенти да се вселат со стари луѓе, и на тој начин им помага на студентите да заштедат пари, а на старите луѓе да се борат со осаменоста.

21. Во Јужна Кореја се организираат дневни диско-забави за луѓе постари од 65 години како алатка во борбата против осаменост и деменција.

Извор: https://www.thehappybroadcast.com/

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото