Коалите најзагрозени во пожарите во Австралија

07.01.2020 10:18
Коалите најзагрозени во пожарите во Австралија

Се проценува дека во кататстрофалните пожари кои ја пустошат Австралија настрадале повеќе од 480 милиони животни, цицачи, птици и влекачи. 

Експертите се загрижени дека некои растителни и животински видови би можеле да исчезнат.

Проценето е дека на три милиони хектари во Нов Јужен Велс, колку што изгореле пред десетина дена, дури 480 милиони цицачи птици и влекачи биле зафатени од пожарот.

Настрадале дури 8.000 коали, што е третина од овие животни чиј дом е Австралија. Најголеми шанси за преживување имаат кенгурите, бидејќи се големи и брзи, додека коалите се најзагрозени бидејќи се мали и бавни.

Тие се хранат со лисја од еукалиптус кој содржи лесно запалливо масло, па поради тоа се дополнително загрозени.

Австралиското министерство за животна средина кажа дека точните бројки на настраданите животни нема да се знаат сѐ додека пожарите не се смират.

Извор: Би-Би-Си

 

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото