Пожарот на Арктик

20.08.2019 01:04
Пожарот на Арктик

Облак од чад и саѓи поголем од територијата на Европска унија се надвил над Сибир, додека пожарите во арктичкиот круг беснеат веќе три месеци.

Подрачјето инаку покриено со снег е од пресудно значење за системот на разладување на Земјата, сега во атмосферата исфрла јаглен диоксид и ги отежнува климатските пореметувања кои ги предизвикал човекот, а кои ги создадоа условите за пожарите.

Огромните пожари на северот на Русија, во Аљаска, Гренланд и во Канада, во јуни ослободиле 50 мегатони јаглен диоксид и уште 79 мегатони во јули што многупати ги надминува досегашните рекорди за Арктикот.

Интезитетот на пожарите предизвикал нови 25 мегатони во првите 11 денови од август, а нивното траење е многу подолго дури и од најупорните пожари кои во изминатите 17 години ги забележал европскиот сателитски систем за мониторинг.

Марк Парингтон, научник во Службата за мониторинг на атмосферата „Коперник“ објаснува дека претходниот рекорд се случил само пред неколку недели. „Досега не сме виделе вакво нешто. Интензитетот на пожарите е секогаш значително над просекот“, вели Парингтон.

Тој вели дека во погодените области најпрво се забележани невообичаено високи температури и низок степен на влажноста на тлото што создало совршени услови за избувнвнување на пожарите. Глобално – јуни и јули биле најтоплите месеци од кога било досега измерените.

Русија е најтешко погодена. Минатиот месец, претседателот Путин ја мобилизираше војската за борба против пожарите, додека четири сибирски региони прогласија вонредна состојба. Но пожарите и натаму беснеат. Научникот кој се знаимава со набљудување на планетата, Јозеф Ашбахер тврди дека само во Сибир овој двомесечен инферно уништил 4,3 милиони хектари од тајгата.

Чадот и натаму се шири. Анти Липонен од финскиот метеоролошки институт проценува дека е погодена област со големина од пет милиони километри квадратни. „За споредба, Европската унија се простира на околу 4,5 милиони квадратни километри, а главната територија на САД на околу 8,1 км2“, напиша Липонен на Твитер.

Облакот надвиснува во правец на североисток и се очекува дека ќе стигне до Аљаска, каде годинашните пожари веќе уништиле простор поголем од целата територија погодена од пожарите што минатата година гореа во Калифорнија.

Карли Филипс од Сојузот на загрижени научници вели дека пожарите на Аљаска од 2000 – та година до денес уништиле 7,2 милиони хектари шума што е повеќе од двојно во однос на претходните 20 години.

„Емисиите на јаглерод од тие пожари би можеле да го забрзаат климатското загревање во наредните децении“, напишала Филипс во својот блог. „Екосистемите на Аљаска се складиште на огромна количина јаглерод во пермафростот и во тлото, кадешто се таложел во текот на милениуми. Шумските пожари ги дестабилизираат овие складишта на јаглерод со согорување на тлото и забрзување на топењето на пермафростот, сето тоа ги ослободува гасовите кои ја задржуваат топлината во атмосферата“.

Црниот гареж се таложи на површината на остатоците на арктичкиот мраз, намалувајќи ја неговата способност да ја одбива топлината на сонцето.

Сателитските слики, овој месец откриле дека пожарите на Гренланд зафатиле подрачје со ширина од 380 километри што дополнително го отежнува топлотниот бран на Арктикот, кој предизвикал топење на ледениот брег кој е втор по големина во светот. Минатата недела, по огромниот пожар во регионот Кеката, тлее површина од 6,9 квадратни километри.

Според податоците од Гринпис, од почетокот на годината изгореле повеќе од 13,1 милиони хектари површина. Оттаму велат дека количината на јаглерод диоксид кој била ослободена во тие пожари е еднаква на количината што ја испуштаат 36 милиони автомобили во текот на цела година.

Арктик не е единствената погодена област. Во текот на оваа година, во регионот на Европската унија избиле 1600 пожари, кои зафатиле површина поголема од 30 хектари што е четири пати повеќе од годишниот просек во претходната деценија, покажуваат податоците на Службата за ониторинг на атмосферата „Коперник“.

Изминативе неколку недели околу илјада туристи беа принудени да се евакуираат од одморалиштата на Големите Канари заради шумските пожари. Минатиот месец, на југот на Франција во текот на топлиот бран, камперите мораа да ги напуштата своите шатори и заради огнот што се брзо се ширел.

Во Велика Британија, синдикатот на пожарникарите вели дека оваа година имало 10 осто повеќе повици што ги намалило ресурсите. Бројот на пожарникари се намалил за една петина во споредба со 2010 година, заради мерките на штедење во јавната сфера, додаваат од синдикатот на пожарникари.

Извор: The Guardian

 

ОкоБоли главаВицФото