Шокантни размери на австралиските пожари

04.01.2020 13:25
Шокантни размери на австралиските пожари

Уништувачките пожари во Калифорнија од 2018 година и минатогодишните пожари во дождовните шуми во Амазон направија стигнаа на насловните страници и го шокираа светот, но во однос на големината тие се далеку помали од сегашната криза со пожарите во Австралија, каде до денес се изгорени приближно 12 милиони акри. Пожарите во оддалечените делови на северна Русија минатата година изгореа 6,7 милиони акри, но повеќето региони беа ретко населени и нема извештаи за жртви.

Додека пожарите во Калифорнија од 2018 година се долго време изгаснати и пожарите во Амазон се барем намалени Австралија е среде сезоната на пожари. Високите температури и сушата се очекува уште повеќе да ги разгорат пожарите. Оваа недела, шокантните слики од светло портокаловото небо во Квинсленд и пламените што прелетуваат низ градовите го привлекоа вниманието на светот.

Пожарите се зголемија во услови на топлотен бран што ја погоди Австралија, а истовремено и рекордно најсушна пролет, пренесува „Њујорк тајмс“. Нов Јужен Велс е најмногу погоден, обвиткувајќи го Сиднеј во темен чад кон средината на декември. Околу 10 од вкупно 12 милиони изгорени акри земја се во оваа држава.

Во Австралија често избувнуваат пожари со тоа што некои години уништувањето на природата е поголемо отколку порано. Научниците предвидуваат дека заради климатските промени пожарите ќе стануваат сè почести и посериозни.

 Извор: www.statista.com

ОкоБоли главаВицФото