„Нација без својства“, Борис Буден

27.01.20 13:29

Што доколку повеќето јазици се во опасност од целосно дигитално истребување?

Во рамки на програмата на четвртото издание на КРИК - фестивал за критичка култура, во организација на Контрапункт, во ноември, 2019 година, предавање одржа хрватскиот филозоф, Борис Буден.

Во своето предавање, насловено „Нација без својства“, Буден се осврна на јазикот, за кој генерално се подразбира дека е она што нацијата ја воспоставува како нација – најмногу од кое било друго својство. Некогаш беше препознаен и како медиум кој ја одредува уникатноста на духот на нацијата.

Денес, јазикот ја претставува суштината на културниот идентитет, вид на супер својство кое ги прави можни останатите својства како националната историја, националната култура или, пак, заедничкото чувство на припаѓање. Но што доколку националните јазици денес, во ерата на глобализацијата и дигитализацијата, ги поттикнуваат и искусуваат забрзаните процеси на маргинализација и деградација?

 Извор: Kontrapunkt