Бесплатни документарци - „Доку-изолација“

21.03.2020 10:56
Бесплатни документарци - „Доку-изолација“

Дваесетина документарни филмови се понудени бесплатно да се гледаат на платформата volimdokumentarce.net со цел граѓаните од регионот полесно да ги поминат деновите во излолација поради пандемијата со Ковид-19, соопштија од хрватската организација „Рестарт“.

„Додека чекаме да настапи иднината и времето на заразата да стане минато, со акција за поддршка за полесно извршување на мерките на претпазливост и изолацијата, загрепскиот „Рестарт“ солидарно се придружува на напорите за одржување на јавното здравје и ја отвара бокатата онлајн доку-ризница на „Рестарт“ со 20 целосно бесплатни наслови, додека остатокот од колекцијата со стотина разни документарни филмови достапен е за гледање со минимален надоместок. Целта е да се подигне квалитетот на културниот живот на филмофилите во време на карантин, како и за одржување на независната култура – жива во овие многу неповолни услови“, соопштија од оваа продукциска и дистрибутерска куќа.

Дел од филмовите се достапни за гледање само од Хрватска, но одреден број од бесплатните документарци се достапни за гледање и на територија на поранешните југословенски држави, како и на светско ниво.

На платформата, на територија на Хрватска, е достапен за гледање и македонскиот „Медена земја“ кој беше номиниран за два оскари.

 Извор: Радио МОФ