Објавен првиот веб речник на македонски знаковен јазик

25.09.2020 11:40
Објавен првиот веб речник на македонски знаковен јазик

Првиот веб речник на македонски знаковен јазик е достапен за јавноста на www.znakoven.mk. На платформата е поставен речник со одреден фонд на зборови за секоја буква од азбуката. За секој збор, пак, има видео објаснување како се манифестира знакот.

Во делот „категории“, корисниците може да научат како се комуницира за време, секојдневие, граматика, апстрактни поими и слично.

„Talking hands“, или „Раце кои зборуваат” е резултат на долгогодишната соработка помеѓу Здружението за глуви и наглуви – Тишина во Скопје и Меѓународната фондација Борис Трајковски, во партнерство со фондацијата СИГНО од Норвешка.

„Глувата популација има многу помалку можности да го оствари право како би можеле непречено да бидат дел од општеството. Знаковниот јазик е најупотребуваната алатка за комуникација помеѓу глувата популација, но со лицата што слушаат комуникацијата е многу отежната и во многу случаи, невозможна. Овој проект создаден и одобрен од глувата популација во Македонија дава голема можност за квалитетно образование на глувите и наглуви лица, толкувачите на македонски знаковен јазик како и лицата што слушаат, а кој сакаат да го научат знаковниот јазик“, велат од платформата.

Тие веруваат дека со овој проект ќе овозможат поголема социјална инклузија на глувата популација во државата и подигање на јавната свест за улогата на оваа ранлива група во општеството.

Покрај ова, една од целите на проектот е да се овозможат повеќе работни места каде заедно ќе работат глуви лица и лица што слушаат.

Извор: Радио МОФ

 

Слични содржини

Општество / Книжевност / Спорт
Општество / Активизам / Живот / Филм
Општество / Активизам / Живот / Теорија
Општество / Квир
Општество / Став

ОкоБоли главаВицФото