Урбана герила акција во Тетово против хаосот во сообраќајот

21.11.2020 14:53
Урбана герила акција во Тетово против хаосот во сообраќајот

Еден од најчестите проблеми со кои се соочуваат граѓаните на Тетово е сообраќајниот хаос. И покрај воведувањето на зонското паркирање, тешко се наоѓаат слободни паркинг места. Група активисти со налепници на автомобилите ги „казнуваа“ погрешно паркираните возачи со пораки како: „Треба да научите како да паркирате“ и „Се надеваме мислевте дека е казнен билет“.

Од групата Арт активизам – Тетово, кои ја организираа акцијата, велат дека акцијата ја спровеле поради сообраќајната несовесност, но и неактивност на сообраќајната полиција.

„На двата главни булевари во Тетово, „Илирија“ и „Илинденска“, сообраќајот се одвива на половина од коловозната лента поради паркираните комби такси превозници и други возила. Покрај недостигот на паркинзи, значителен проблем е и несовесноста кај дел од возачите, кои, на пример, со години паркираат на пешачката зона на самиот плоштад. Сообраќајната полиција не презема мерки за погрешно паркираните возила. Затоа, нивната улога ја преземаа активисти од Тетово кои на лошо паркираните возила им поставија „казнени билети“ за да зголемат на свеста кај возачите и со апел да се внимава на безбедноста на граѓаните и пешаците чии простори за движење се узурпирани од непрописно паркираните возила“, велат од од артивистичката група.

Покрај предупредувањата, активистите поставија и пофалници на оние возила кои се прописно паркирани со цел да ги поддржат совесните возачи.

ОкоБоли главаВицФото