Јавен повик за финансиска поддршка на уметници и културни работници

17.12.2020 22:03
Јавен повик за барање финансиска поддршка на уметници и културни работници

Министерството за култура, на својата веб-страница објави јавен повик за доставување барање за финансиска поддршка на уметниците и на културните работници.

Предмет на финансиската поддршка на уметниците и на културните работници е еднократна исплата на финансиски средства за период од три месеци, во месечен нето-износ од:

– 14.500,00 денари (до колку уметникот, односно културниот работник во периодот од јануари до август 2020 година остварил приход во нето-износ до 80.000,00 денари од вршење уметнички или стручни работи во културата според евиденцијата на Управата за јавни приходи),
– 18.000,00 денари (до колку уметникот, односно културниот работник во периодот од јануари до август 2020 година остварил приход во нето-износ до 60.000,00 денари од вршење уметнички или стручни работи во културата според евиденцијата на Управата за јавни приходи),
– 21.500,00 денари, (до колку уметникот, односно културниот работник во периодот од јануари до август 2020 година остварил приход во нето-износ до 40.000,00 денари од вршење уметнички или стручни работи во културата според евиденцијата на Управата за јавни приходи).

Јавниот повик трае до 19.12.2020 година, а сите заинтересирани лица на адресата на е-пошта на Министерството за култура: info@kultura.gov.mk треба да достават барање за добивање финансиска поддршка на уметници и на културни работници и изјава за исполнетост на условите за добивање финансиска поддршка (Образецот на барањето и образецот на изјавата се Прилзи 1 и 2 на Одлуката за финансиска поддршка на уметници и на културни работници и се објавени заедно со Јавниот повик).

Исплатата на средствата ќе ја врши Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија врз основа на решенија што ќе ги донесе министерот за култура, а во согласност со член 6 од Уредбата со законска сила за формирање на Фонд за помош и поддршка за справување со кризата предизвикана од коронавирусот Ковид-19 во рок утврден во член 3 од Одлуката за финансиска поддршка на уметници и на културни работници.“ 

ОкоБоли главаВицФото