Берни Сандерс ја искористи популарноста во добротворни цели

25.01.2021 14:18
Берни Сандерс ја искористи популарноста во добротворни цели

Фотографијата на сенаторот Берни Сандерс од инаугурацијата на Бајден стана интернет сензација. А сега маицата со популарната слика на Берни може да стане дел од вашата гардероба.

Фотографијата на која Берни Сандерс седи со скрстени раце и нозе стана меме, а неговиот стил на облекување е наречен „мрзоволен шик“.

Соработниците на кампањата на Сандерс решија да пуштат во продажба маици со сега веќе легендарната фотографија, која инспирираше безброј мемиња, а целиот приход од продажбата да се донира на „Оброци на тркала“ ((Meals on Wheels), која работи во матичната држава на сенаторот, Вермонт и обезбедува бесплатни оброци за луѓе под 60-годишна возраст со хронични болести и попречености.

Црната памучна спортска маица чини 45 долари и е произведена во САД. 

Се чини дека е популарна исто колку и мемињата бидејќи веднаш била распродадена, а поради големата побарувачка, потенцијалните купувачи се предупредени дека можеби ќе мора да почекаат до осум недели за испорака.

Истомислениците на Сандерс и бројни други луѓе од целиот свет го пофалија неговиот потег на социјалните мрежи.

„Како да не го сакате симпатичниот Берни Сандерс кој ја продава маицата со мемето, а 100 проценти од приходот оди за хуманитарни цели“. 

Пред три дена сенаторот ги искоментира бројните реакции за учество на инаугурацијата:

„Па, само седев таму, се обидував да се загреам и да обрнам внимание на она што се случува околу мене“, рече тој со насмевка, кога гостуваше во емисијата „Late Night Show“.

Извор: CNN