Најдобрите мемиња со Сандерс и приказната за славните ракавици

23.01.2021 16:16
Најдобрите мемиња со Сандерс и приказната за славните ракавици

Сенаторот Берни Сандерс си седи сам на церемонијата за инаугурација на новиот американски претседател Џо Бајден, во бледо-кафена јакна, со скрстени раце и нозе, социјало дистанциран. На рацете носи големи, топли, плетени кафено-бели ракавици.

Од сите историски фотографии од инаугурацијата на Џо Бајден како 46-ти американски претседател, веројатно најмалку би се очекувало оваа да биде толку популарна. Фотографијата од Сандерс речиси веднаш стана вирална.

„Една од причините што луѓето го сакат Сандерс е што знаат дека, да беше избран за претседател, сигурно ќе беше исто облечен“ – вели еден негов фан на Твитер.

Сликата на Сандерс беше масовно фотошопирана во славни сценарија, реални и измислени.



Но, од каде му се тие толку удобни ракавици?

Одговорот е дека се изработени од Џен Елис, учителка во второ одделение. Елис е поддржувачка на Сандерс, особено на неговите залагања за ослободување од студентскиот долг и за бесплатно образование.

Елис со години прави ракавици, како споредна работа. Таа сече стари волнени џемпери и ги сошива во разни комбинации на машината од мајка ѝ. Потоа ги порабува со синтетичка ткаенина од рециклирана пластика. За изработка на еден пар ѝ треба околу еден час.

По разочарувањето од загубата на изборите во демократскиот табор во 2016, иако никогаш не го запознала, длабоко сочувствувала со него бидејќи претпоставувала дека веројатно нема да има шанса повторно да се кандидира.

„Така, си помислив, баш би сакала да му сплетам пар ракавички. И му сплетов. Се сеќавам на таа вечер. Си мислев, лудо ли е ова? Не го ни знам човеков. Сепак, ми беше драг.“

Ги испратила ракавиците на сенаторот мислејќи дека завршила со тоа.

Ако ви се од некаде познати ракавиците на Сандерс, тоа е бидејќи истово сценарио се случи минатата година. На кампањата на крајот од 2019, Сандерс ги носеше истите ракавици.

„Ракавиците се единственото нешто што ги држи под контрола гестикулациите на Сандерс“ – еден фан напиша на Твитер.

Трогната од гестот на Сандерс бидејќи, според неа „ракавиците се некако лична работа“, Ели била инспирирана да сошие уште 10 пара кои ги испратила на кампањата.

„Навистина сум почестена што ги носеше денес. На инаугурацијата имаше луѓе облечени во облека од светски дизајнери. А веднаш до нив, Берни, со моите ракавички.“

„Фактот што овие ракавици ги направив на машината што ми ја подари мајка ми пред 12 години и со волна што некој ја фрлил, и што токму тие допатуваа на една од најважните инаугурации во мојот живот, тоа ме прави пресреќна.“


Автор: Александар Ковачевски

Автор на изворниот текст: Тревис Ендру
Извор за текстот:
Washington post

Слични содржини

Општество / Живот / Историја
Општество / Јавни простори / Свет / Живот
Општество / Живот / Култура
Живот / Музика
Општество / Живот

ОкоБоли главаВицФото