Куба нуди вакцинирање против Ковид на сите туристи што ќе го посетат островот

08.02.2021 20:33
Куба нуди вакцинирање против Ковид на сите туристи што ќе го посетат островот

Кубанската вакцина Суверен 02, која е во план да влезе во третата фаза од клиничките тестрања на 1 март, ќе биде достапна не само за граѓаните на оваа карипска држава, туку и за сите туристи кои ќе го посетат островот.

Висенте Верез, директорот на Институтот Финлај, кој е надлежен за произведувањето на вакцините, вели дека вакцијата засега покажала поттикнување на силен имунолошки одговор.

„Вакцината исто така поттикнува долгорочна меморија на имуниот одговор, кој овозможува создадените антитела подолго да траат.“

Агенцијата изјавила дека Куба моментално работи на тоа а произведе 100 милиони дози од гореспоменатата вакцина со цел да ги задоволи потребите на земјата и и на останатите заинтересирани држави, како Венецуела, Виетнам и Иран.

Исто така, истакнуваат дека нивната комерцијална стратегија е комбинација на хуманост и желба за импакт врз глобалното здравје.

„Ние не сме мултинационална компанија каде финансиската цел е примарна, наташа цел е да создадеме повеќе здравје“, вели Верез.

Верез додава дека сите странци кои ќе пристигнат во земјата и кои сакат да бидат вакцинирани со некоја од кубанските вакцини, се добредојдени.

Инситутот Финлај исто така ја развива и ковид-вакцината Суверен 01, која се наоѓа во втората фаза од клиничките испитувања, сѐ уште без датум за почеток на третата фаза.

Дополнително, Кубанскиот центар за генетски инженеринг и биотехнологија развива уште две други вакцини: Абдала и Мамбиса.

Извор: https://elfinanciero.com.mx/